Семос Едукација е позната по квалитетната обука и професионалните инструктори кои ги нудат најновите и релевантни знаења. Сметав дека оваа институција ќе ми помогне да ги постигнам моите цели во областа на дигиталниот маркетинг. И не се излажав, инструкторите несебично ги споделуваа своите искуства и знаења, се стекнав со солидна основа во дигиталниот маркетинг која ќе продолжам и понатаму да ја продлабочувам и усовршувам.
Кажи ни нешто за себе. Која е Христина?
Јас сум креативна личност која секогаш е заинтересирана за нови предизвици и можности за учење. Се посветувам на тоа што сакам да го работам и се стремам кон постојано подобрување и усовршување.
Зошто се одлучи за Академијата за Дигитален Маркетинг?
Дигиталниот маркетинг е динамична и брзо растечка област која нуди многу можности. Одлучив да станам дел од Академијата затоа што на дигиталниот маркетинг гледам како на модерна форма на уметност. Тој не е само алатка за промоција, туку е мост помеѓу традиционалното и иднината – тој е простор каде креативноста се сретнува со технологијата.
Како ти помага обуката во тоа што го работиш денес и кои вештини ги стекна низ процесот на учење?
Обуката ми помогна да стекнам практични знаења кои директно ги применувам во секојдневната работа. Ми овозможи не само да ги совладам потребните техники и алатки, туку и да го разберам подлабокото значење на комуникацијата и начинот на кој се пренесуваат приказните. Научив да развивам маркетинг стратегии, да користам алатки за аналитика и да создадам креативна содржина која инспирира и остава впечаток.
Што би им препорачала на идните студенти што ќе се запишат на Академијата за Дигитален Маркетинг?
Би им препорачала да бидат отворени за нови знаења и практично да ги применуваат стекнатите вештини. Обуката е одлична можност за градење на солидна основа во дигиталниот маркетинг и отворање на многу врати во кариерата.