Христо е пријателски настроено човече, со енергија за десет. Енергијата ја полнам со пешачење во природа. Секое утро го пијам првото кафе на Водно, кафе со најдобар поглед – на омиленото Скопје. Кога не пешачам на Водно, патувам во виртуелни светови преку компјутерски игри, се борам со змејови и и егзекутирам не секогаш успешни стратегии со мојата банда гејмери.
Зошто ја избра Семос Едукација?
Семос Едукација ја избрав пред сè поради добриот збор од пријатели кои ја започнале кариерата со знаењето стекнато токму од оваа Академија, како и компании – соработници кои се потврда за квалитетот на знаењето со кое се стекнуваат студентите. Потоа, тука е и самата програма - супер интересна и во чекор со побарувањата и стандардите на софтверската индустрија во светот.
Дали наученото од Академијата го применуваш во секојдневниот живот и колку ти помогна да напредуваш во кариерата?
Се она што го научив на Академијата го повторувам секој работен ден. Материјалот на Академијата се пренесува преку практична работа од одлични инструктори, кои несебично го споделуваат своето знаење. Благодарение на сето ова заедно со мојата посветеност, се стекнав со добра основа и знаење кои ми овозможија да можам конечно да го работам она во кое се пронајдов и о кое вистински сакам да го работам, а тоа значи да работам на една од најпопуларните Freelance платформи “Upwork” и тоа како “Junior Front-End Web Developer”.
Како изгледа еден твој типичен работен ден?
Денот го започнувам со пешачење на Водно каде што го пијам првото утринско кафе со најубавиот поглед – бесплатна терапија. Со наполнети батерии продолжувам со „работниот“ дел од денот, кодови, задачи, предизвици кои воопшто не ги чувствувам како работа. Кога го работиш тоа што те исполнува, го работиш со мерак, тоа е сонот. И кога го работиш тоа што го сакаш со тим од супер кул и интелегентни луѓе, тоа е тоа, тоа е Сè.
Секоја нова проблематика ја дочекувам со голема доза на позитивност, секоја проблематика е шанса за иновација, шанса да го применам моето знаење што го стекнав на Академијата или да научам нешто ново. По завршувањето на работните задачи, продолжувам во the World of Warcraft, како Dulcinea of El Toboso the priest healer заедно со Дон Кихот во епско добри или епско лоши битки. Накратко, ова е мојот типичен работен ден, баланс и хармонија помеѓу природата и дигиталната технологија која ме одржува мотивиран, енергичен и возбуден за авантурите кои ги носи утрешниот ден.