Со Microsoft сертификатите сте во значителна предност не само кај нас, туку и на светскиот пазар на трудот, а нив можете да ги стекнете следејќи ги официјалните, потврдени програми на СЕМОС едукација, единствената институција на која веднаш помислувате ако размислувате за обука за било која IT/AI вештина.
Кажи ни нешто за себе. Која е Санела?
Мајка, сопруга и жена. Некој кој никогаш не се откажува. Иако студент на генерација, по 20 години чекање пред затворени врати, избрав да не ја менувам околината, туку да се менувам себе си и да го остварам сонот да станам научник - за податоци./p>
Зошто се одлучи за Академијата за Data Science?
Се одлучив за Академијата за Data Science, бидејќи беше време за промена на кариера – предизвик што го чувствував како неопходен чекор напред. Но, одлуката доби уште поголема тежина кога неколку сениори во software development ме изненадија со своето размислување да се пренасочат кон Data Science и AI. Кога искусни професионалци гледаат иднината во ова поле, сфатив дека сум на вистинскиот пат. За мене, идејата е едноставна: ако не ги учам децата, тогаш ќе ги учам машините да учат. И во двата случаи, се гради иднината.
Како ти помага обуката во тоа што го работиш денес?
Основите на анализата на податоци беа присутни во секој модул од академијата. Преку користење на најновите алатки за визуелизација и обработка на податоци, предавачите несебично и со професионална елеганција успеваа да пренесат дека анализата на податоци е повеќе од техничка вештина. Тоа е процес кој бара длабоко размислување, интуиција и сеопфатно разбирање, надминувајќи ги границите на алатките што ги користиме.
Кои се квалитетите што сметаш дека секој студент треба да ги има за да биде успешен во идната кариера, и која е твојата порака до студентите?
Да биде скромен, а самоуверен, да биде упорен, а флексибилен, да дава и да зема знаење, да знае што може сам и да знае кога треба да побара помош. Секогаш да го користи познатото, но да внесува индивидуалност во секое свое дело.