“Бидете свои, насмеани и размислувајте позитивно - со убави мисли се постигнуваат многу поголеми цели” е мотото со кое нашата слушателка Слободанка, ја мотивира да создава успешна приказна. Запознај ја Слободанка Велева, студент на Академија за веб дизајн, која својт професионален пат го започна како SEO Content Writer во SmartClick.
Зошто ја избра Семос Едукација?
Семос Едукација ја избрав поради нејзината докажана репутација како водечка образовна институција во областа на ИТ и дизајнот. Одличните препораки и позитивните искуства на претходните студенти беа доста мотивирачки за мене.
Кажи ни нешто за себе. Која е Слободанка?
Јас сум Слободанка, доаѓам од Струмица, а моментално живеам во Скопје. Голем љубител сум на кафе и уживам во гледање филмови! Покрај тоа, обожавам и да фотографирам, а времето сакам секогаш да го поминувам сама со себе.
Зошто се одлучи за Академијата за веб дизајн?
Уште од средношколските денови изразив голем интерес и желба за изработка на веб страни. Академијата за веб дизајн на Семос Едукација беше идеалната можност за мене, бидејќи програмата совршено одговараше на моите интереси и потреби. Со текот на времето сфатив дека сум ја направила вистинската одлука, бидејќи обуката ми помогна да ги усовршам моите вештини и да започнам кариера во ова област.
Како ти помага обуката во тоа што го работиш денес?
Обуката во Семос Едукација ми помогна на многу начини, но најмногу преку практичниот пристап и поддршката од страна на менторите. Тие беа секогаш достапни за совети, корисни насоки и реални примери од индустријата. Не само што ми помогна да ја изградам самодовербата, туку и ми даде нова мотивација да се стремам кон постигнување на професионални цели.
Кои се квалитетите што сметаш дека секој студент треба да ги има за да биде успешен во идната кариера, и која е твојата порака до студентите?
Сметам дека секој студент треба да има доверба во своите способности и да не се плаши да презема нови предизвици. Мојата порака до студентите е да не се откажуваат кога ќе се соочат со пречка, секој пад е можност за раст и подобрување.
И вие можете да ја креирате вашата успешна приказна! Запишете се на Академијата за веб-дизајн во Семос Едукација и направете го првиот чекор кон кариера што ја посакувате.