Стефан Бојчески од Академијата за Дигитален маркетинг
Од забен техничар до дигитален маркетер.
Промената на кариерата понекогаш започнува со едноставна желба да се
работи нешто што ве исполнува. Таков беше и случајот со нашиот
студент Стефан, кој по 9 години како забен техничар, ја најде
својата пасија во дигиталниот маркетинг.
Кога сфати дека дигиталниот маркетинг е твојата вистинска професија?
„Уште на првите предавања сфатив дека ова е полето што ме исполнува.
Динамиката, креативноста и можноста веднаш да се видат резултатите
од трудот ме мотивираа. Со една добра идеја и правилна стратегија
можеш да влијаеш врз многу луѓе - тоа ме увери дека сум на
вистинскиот пат.“
Твојот „aha!“ момент?
„Кога преку практичните задачи видов како теоријата се применува во
реални ситуации. Работата со алатки за креирање содржина и анализа
ми покажа дека мали промени во стратегијата носат голема разлика во
резултатите.“
Како Академијата те подготви за работата во Represent Communications
Macedonia?
„Академијата ми даде цврста основа - од алатки и техники, до
стратегиски пристап и креативно размислување. Благодарение на тоа
веднаш се вклопив во тимот и можев да преземам реални задачи со
самодоверба.“
Работата како студент:
„Беше неверојатно чувство да добијам понуда за работа додека сè уште
бев на Академијата. Тоа беше потврда дека вложениот труд се
исплатува и дополнителна мотивација да продолжам уште посилно.“
Најкорисните вештини на новото работно место
Креирање стратегии за социјални медиуми, пишување содржина и анализа
на резултати, сите практично научени на Академијата.
Совет за оние кои размислуваат за промена
„Не се двоумете! Ако сакате креативност, работа со луѓе и постојано
учење, дигиталниот маркетинг е вистинскиот избор. Академијата е
совршен почеток за практично знаење и реални можности уште од
старт.“