Kako една девојка со страст кон визуелното раскажување стана графички дизајнер уште додека ја завршуваше Академијата за графички дизајн на Семос Едукација.
Секоја успешна кариера започнува со еден ист чекор, одлуката да се проба. За Стефанија Софеска, тој чекор беше уписот на Академијата за графички дизајн на Семос Едукација. Денес, таа работи kako junior графички дизајнер во AdValue, една од водечките маркетинг агенции, и секојдневно го применува знаењето што го стекна на академијата, во реални кампањи, за реални клиенти.
Но патот до таму не беше без двоумења.
Стефанија не може да посочи еден конкретен момент кога знаела дека графичкиот дизајн е нејзиниот пат. Тоа било постепено осознавање. Уште од рана возраст уживала да црта, да фотографира и да создава визуелни приказни. Но пресвртот дошол кога сфатила дека дизајнот не е само естетска вештина, туку моќен алат за комуникација.
„Кога сфатив дека преку дизајнот можам да пренесам порака, емоција и став, знаев дека тоа е нешто со кое сакам сериозно да се занимавам. Дизајнот за мене стана начин на размислување, а одлуката да го изберам kako професионален пат беше сосема природна", вели Стефанија.
Kako и многумина кои размислуваат да направат кариерна промена или да го формализираат своето знаење, и Стефанија имала свои стравови пред да се запише.
„Најголем страв ми беше дали сум 'доволно добра' и дали ќе успеам да ги следам сите технички и креативни барања на програмата", признава таа.
Но сомнежите брзо се раствориле. Уште од првите месеци на академијата, Стефанија сфатила дека средината е создадена токму за луѓе kako неа — мотивирани, но сè уште во процес на учење. Академијата поттикнува експериментирање, дозволува грешки и нуди поддршка во секој чекор од процесот.
„Токму таа поддршка ми помогна да изградам самодоверба и да напредувам чекор по чекор."
Кога ја прашуваме кој дел од програмата ѝ оставил најсилен впечаток, Стефанија без двоумење посочува кон проектите со реални клиенти.
„Тие ми покажаа дека дизајнот не е само естетика, туку и одговорност, комуникација и разбирање на потребите на клиентот. Преку тие задачи научив kako да ги претворам идеите во функционални решенија."
Овие проекти не се само академска вежба. Тие претставуваат симулација на реалниот работен процес — со реални барања, реални рокови и реален фидбек. Токму затоа, кога Стефанија влегла во професионалниот свет, транзицијата не била шок, туку логичен продолжеток на она што веќе го правела на академијата.
Еден од најважните елементи на програмата на Семос Едукација, кој често останува во сенка, е Кариерниот центар. За Стефанија, тој одиграл клучна улога.
„Преку развиената инфраструктура на партнери, добив препораки, корисни совети за интервјуа и насоки за првите професионални чекори. Таа поддршка значително го олесни мојот премин од студент во вработен дизајнер."
Кариерниот центар во Семос Едукација не нуди само врски со компании, тој ги подготвува студентите за целиот процес: од изработка на портфолио и CV, преку подготовка за интервју, до поврзување со релевантни работодавачи од индустријата.
Денес, Стефанија е дел од тимот на AdValue - агенција позната по својот стратешки пристап кон маркетингот и брендирањето. Нејзините први работни денови, kako што самата ги опишува, се динамични, возбудливи и полни со нови искуства.
„Работам во искусен и исклучително професионален тим кој е отворен за соработка и споделување знаење. Секој проект носи нов предизвик и можност за креативен раст. Особено ми значи што можам директно да го применам знаењето стекнато на академијата во реални маркетинг кампањи."
За неа, ова не е крај на патот — туку почеток на една кариера изградена на цврсти темели.
На крајот, Стефанија има јасна порака за секој кој размислува да се запише на академија за дизајн, но се двоуми:
„Графичкиот дизајн навистина е голем предизвик, но токму во тоа лежи неговата убавина. Ако чувствувате љубов кон креативноста и имате желба постојано да учите и да се надградувате, тогаш сте на вистинскиот пат. Академијата не бара совршенство, туку посветеност и желба за раст. Стравот е нормален, но упорноста, трудот и вербата во себе секогаш носат резултати."
Стефанија Софеска е доказ дека со вистинска посветеност и правилна поддршка, патот од почетник до професионалец не мора да биде долг и осамен. Академијата за графички дизајн на Семос Едукација е средина каде што талентот се негува, знаењето се применува, а кариерните можности стануваат реалност.
Дознај повеќе за Академијата за графички дизајн и направи го првиот чекор кон кариерата за која сонуваш.
