Интервју со Тамара Ристеска - студент на Акредитираната Академија за графички дизајн
Разговараме со Тамара Ристеска, студент на Акредитираната Академија за графички дизајн која со стекнатите вештини на Академијата и поддршка од Кариерниот центар, се вработи во маркетинг агенцијата AdValue како Графички дизајнер.
Како одлучи да станеш Графички дизајнер?
За професијата дознав од блиски другари кои се занимаваа со ова. Кога слушав за индустријата ми беше интересно, но гледајќи од нивната работа, самата професија почна да ми станува привлечна. Имав простор за нов чекор во мојата кариера, па се одлучив за Академијата за графички дизајн, не знаејќи дека ке ми стане професија.
Како изгледа еден твој типичен работен ден?
Секој работен ден е исполнет со обврски и предизвици кои успешно ги совладувам, благодарение на тимската работа. Професијата е динамична и полна со новости. Креативноста и напорната работа ми овозможуваат да ги надминам сите предизвици во индустријата и постојано да учам.
Топ 5 вештини кои ги научи на Академијата?
На Академијата не се учат само нови вештини, туку се надградуваат и веќе стекнатите вештини, но овие се некои за кои најмногу бев заинтересирана: фотоманипулација, илустрирање, типографско креативно изразување, анимација, дизајнирање на публикација.
Дали наученото од Академијата го применуваш во секојдневниот живот и колку ти помогна да напредуваш во кариерата?
Многу труд, работа и посветеност во комбинација со основата која ми ја даде Академијата, беа доволни за идеален почеток на мојата кариера. За да почнам со работење во една ваква динамична индустрија, предходно ми требаше добра основа која ја стекнав на Академијата во Семос Едукација. Основата која ми ја даде Академијата, ме мотивира секојдневно да ја надградувам со многу труд, работа и посветеност.
Што би им порачала на младите луѓе и генерално на луѓето кои сакаат да работат во областа на графичкиот дизајн?
За да успеат во она што сакаат и да си ги исполнат своите цели, би им препорачала да се трудат многу за да го постигнат максимумот, бидејќи само така нема никакви граници. Би ги охрабрила да го превземат првиот чекор и да почнат да се запознаваат со индустријата.