Од студент на Академија до практикант во Семос Едукација
Kажи ни нешто за себе
Јас сум Теодора, имам 20 години, завршив средно како економски теничар, а во моментов сум студент на Семос Академијата за дигитален маркетинг. Го обожувам светот на книгите и сакам различни предизвици. Како личност секогаш првично анализирам, па потоа превземам акција, сакам да учам нови работи и да бидам успешна во својата работа.
Како одлучи да се запишеш на Академија во Семос Едукација?
Во последниве години добив идеја да учам дигитален маркетинг и таа беше поголемата желба за кариера од професијата која ја работев во моментот. Откако почнав да ја следам програмата на Академијата за дигитален маркетинг, сфатив дека сум на пат кон целта и дека таму припаѓам.
Опиши го твоето искуство со Академијата и што најмногу ти се допадна од неа.
Како студент на Семос Академијата за дигитален маркетинг уште од самиот почеток се чувствував релаксирано и без никаков притисок во споредба со класичното учење. Ми се допадна начинот на предавањата каде фокусот беше на реални проекти и стекнав вештини и знаења кои ме водат кон вистинскиот правец за оформување на успешна кариера.
Која беше улогата на Кариерниот центар во отпочнување на пракса во Семос Едукација?
Благодарение на препораката од Кариерниот Центар на Семос Едукација, академијата ги препозна моите квалитети и се стекнав со пракса уште на самиот почеток на моето учење.
Како изгледа еден твој работен ден како практикант во Семос Едукација и што најмногу ти се допаѓа во твојата нова работна средина?
Тука се чувствувам исполнето, позитивната енергија се движи меѓу вработените. Има добра тимска работа и секој е отворен и подготвен за потребната помош.
Што е тоа што денес го применуваш како практикант во Семос Едукација, а го научи за време на академијата?
Академијата е одличен почеток за секој кој има желба да започне кариера во областа на дигиталниот маркетинг. Во секојдневната работа најмногу применувам креирање на содржина, вештина која ја усовршив во текот на академијата.
Кои се твоите идни кариерни очекувања и желби кои би сакала да ги споделиш со нас?
Мојата желба е да бидам сигурна дека го правам перфектно тоа што го работам. Сакам да изградам кариера во која ќе бидам горда дека сум го постигнала најдоброто, а со помош на праксата моите вештини се подобруваат и знам дека сум на добар пат да успеам .