Интервју со Анастасија Ризоска – Акредитирана Академија за графички дизајн
Здраво Анастасија, како започна твојата Семос приказна?
Уште од мали нозе го открив мојот талент за уметност и започнав да работам на себе. Со текот на времето, моите дела почнаа да преминуваат од лист хартија на платно, а подоцна и од платно во дигитална форма. За мене секоја од тие промени беше чекор напред, па одлучив да ги проширам знаењата и по долго истражување неслучајно се одлучив токму за Семос Aкадемијата за графички дизајн.
Така започна една од моите омилени животни приказни, а ова искуство го гледам како еден предизвик кој си го дадов себеси и не се сомневам дека ќе продолжи да ги надминува моите очекувања исто како досега.
Три работи што најмногу ти оставија впечаток на Академијата?
Флексибилност, многу практична работа и многу позитивна енергија. Секој од овие моменти сам по себе си носи своја важност и тежина кога се работи за овој процес. На Семос Академијата ги пронајдов трите на исто место, во исто време. Флексибилноста ја гледам во можноста за хибридно следење на наставата и добро организираниот распоред, практичната работа според мене е една од клучните состојки за успех кога се работи за усовршување на било какви вештини, а во Семос Едукација позитивната енергија се чувствува уште со првиот чекор и кај предавачите и кај студентите.
Каде се гледаш себеси во иднина?
Во иднина сe гледам себеси како графички дизјанер кој секогаш ќе се труди да се надградува со вештини. Очекувам да се вработам по завршување на академијата со помош на Кариерниот центар и да продолжам да го барам моето вистинско место под сонцето, независно дали како фриленсер, едукатор или вработена во некоја компанија. Се гледам себеси онаму каде што ќе бидам најдобрата верзија од себе, работејќи ги своите задачи со љубов.