Здраво Дона. Најпрво, кажи ни како започна твојата Семос приказна?
Мојата Семос приказна започна по препорака за Академијата за внатрешен дизајн од страна на колешка од факултетот на кој студирам, Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер. Знаев дека е полн погодок за мене бидејќи е место каде што можам да учам од вистински професионалци и каде што ќе запознаам дизајнери кои се успешни во својата професија.
Одлучив да ја слушам оваа програма бидејќи овозможува да дојдат до израз мојата креативност и уметничките афинитети. Сигурна сум дека со практичните вежби, како и работењето со најмоќните софтверски алатки кои предавачите на Академијата вешто и стручно ни ги презентираат, ќе се трансформирам во успешен дизајнер на ентериери и ќе ја остварам мојата желба за работење во оваа сфера.
Со што се занимаваш кога не си на час од Академијата? Сподели ни свое хоби.
Моето слободно време надвор од предавањата на академијата го исполнувам со обврските поврзани со факултетот, а ме исполнува и цртањето, фотографирањето, читањето...но скоро и да нема ден без „кулирање" со моите другарки.