Зошто се одлучи за обуката Microsoft Data Analyst?
Пред да ја запишам оваа обука постојано се среќавав со објави поврзани за Data Analyst, па со малку истражување и откако една блиска личност поблиску ме запозна со тоа што всушност претставува професијата Data Analyst сфатив дека тоа е нешто што ме интересира и кое би сакала подлабоко да го истражувам.
Кажи ни нешто за себе. Која е Анастасија?
Би се опишала како амбициозна и дисциплинирана личност која сака да се стекнува со нови знаења и да ги надоградува веќе стекнатите. Обожавам да читам книги, а освен тоа слободното време сакам да го искористам за да се испробам во некое ново хоби.
Три работи што најмногу ти оставија впечаток на обуката?
Најмногу впечаток ми остави организираноста на предавањата и посветеноста на предавачот кој преку дополнителни проекти не подготвуваше за работата на реалниот проект. Исто така впечаток ми остави поддршката од тимот на Семос Едукација за време на обуката и по завршувањето на истата.
Што би им препорачала на идните студенти на Семос Едукација?
На идните студенти на Семос Едукација, би им препорачала да ги применуваат советите на предавачите, да се трудат да учат преку задачите што ќе ги добиваат, затоа што на практичен начин најдобро се учи.