Ангела е дигитален маркетер кој отсекогаш сакаше да работи со код и бројки. По завршување на математички смер на гимназија и изучување на почетен дел од информатика, ми беше многу интересно да решавам и да разгледувам работи од тие теми. Во периодот кога се бираше факултет, сепак се одлучив за нешто друго но видов дека не се пронајдов целосно во маркетинг светот па кога дојде време да запишам академија која е поврзана со програмирањето.
Како започна твојата Семос приказна?
Мојата Семос приказна започна сосема спонтано со пронаоѓање на академијата и за брзо време запишување на неа. При првото онлајн запознавање со самите студенти и професорите, започна интересната приказна за изучивање на различни теми и модули во врска со JavaScript. Во текот на академијата, се сретнав со различни предизвици, како на пример како да се справам со комплексни задачи, и иако имаше период каде што константно имавме трпати неделно предавања, со завршниот проект сметам дека сите работи што ми биле збунувачки, ми се разјаснија и се склопија во една целосна слика.
Топ 5 вештини кои ги научи на Академијата?
На академијата стекнав поголем број на вештини, но најрелевантните и најсилни вештини што ги научив би биле: Front-end tech (HTML, CSS, JavaScript, React), Back-end tech (NodeJS, ExpressJS), работа со база на податоци (MongoDB), презентациски вештини и подобра комуникација.
Како завршниот проект ти помага во остварување на твојата цел и преземање на следниот чекор во твојата кариера?
Завршниот проект на академијата беше од големо значење за моето остварување за промена на кариера. Преку овој проект, јас ги применив и комбинирав сите вештини и знаења што ги научив во текот на обуката и ги претворив во функционална веб апликација. Проектот ми овозможи да ги интегрирам и комбинирам front-end и back-end аспектите на веб развојот, како и да ги реширам проблемите на една реалнa апликација. Успешното завршување на проектот ја зголеми мојата самодоверба и вербата во моите способности.
Каде се гледаш себеси во иднина?
Во иднина се гледам како успешен Web Developer во технолошката индустрија. Мојата цел е да градам впечатливи и функционални веб апликации што ги решаваат реалните потреби на луѓето и компаниите. Во иднина, сакам да продолжам да учам и да се развивам во сферата на веб развојот, со фокус на новите технологии и трендови. Се гледам како дел од иновативни и респектирани тимови што го променуваат светот преку технологијата и креативноста.