Rising star of the week – Даниел Слободановски, Студент на обуката за Microsoft Data Analyst поддржана од АВРСМ
Зошто се одлучи за обуката Microsoft Data Analyst?
Се одлучив за обуката за Microsoft Data Analyst поради наставната програма која нуди практично искуство со алатки како Python и SQL кои се неопходни за ефикасно анализирање на податоци.
Три работи што најмногу ти оставија впечаток на обуката?
Најголем впечаток имам од:
Менторите: Професионалци со големо искуство во областа кои на феноменален начин
низ теорија и практични вежби ни го пренесуваа своето знаење и даваа нови насоки
на размислување.
Тимот на Семос Едукација: Вистински професионалци кои беа присутни во текот на целата обука за да ги одговорат сите прашања и да ни помогнат во понатамошна едукација и кариерно насочување.
Каде се гледаш себеси во иднина?
Во иднина се гледам како дел од тим во кој главни карактеристики се континуираното учење, соработката и донесувањето одлуки од добиени податоци.