Кажи ни нешто за себе, кој е Даниел и како започна твојата СЕМОС приказна?
Јас сум Даниел Смиљков, дипломиран психолог, ориентиран кон организациска психологија и психологија на трудот со посебен интерес кон регрутација и комуникација со луѓе. Длабоко верувам дека неформалните обуки претставуваат одлична можност за вмрежување и континуирано надградување на постоечките знаења и вештини. Токму преку оваа перспектива ја започнав и мојата приказна во Семос, каде што ги прифатив новите искуства и професионални предизвици, кои ми помогнаа да ги продлабочам моите компетенции и да се поврзам со водечки професионалци од индустријата.
Што најмногу ти остави впечаток од академијата за Човечки ресурси во IT?
Најголем впечаток од Академијата за Човечки ресурси во IT ми остави динамичноста на модулите и практичните задачи, кои директно ги рефлектираат секојдневните предизвици со кои се соочуваме на работните места како HR професионалци. Програмата е внимателно осмислена за да ги опфати клучните аспекти на HR во ИТ секторот, вклучувајќи стратегиски менаџмент на човечки ресурси, привлекување и задржување на таленти, управување со перформанси и организациски развој.
Колку академијата ти помогна во твоето професионално развивање?
Академијата за Човечки ресурси во IT значително ми помогна да ги продлабочам своите познавања и разбирање на бизнис стратегиите и процесите на донесување одлуки. Ова ми овозможи појасно и поефективно да ги насочам своите идеи и знаења кон постигнување на организациските цели. Способноста да ги поврзеш HR практиките со пошироките деловни стратегии е еден од клучните фактори за успех во секојдневното работно опкружување.
Која е твојата порака до идните студенти на СЕМОС?
Мојата порака до идните студенти на Семос е да бидат проактивни и љубопитни, не само во однос на новата теорија и практичните задачи, туку и кога станува збор за вмрежување со професионалци од индустријата. Учењето не завршува со последниот ден од академијата, токму тогаш започнува патувањето во светот на индустријата. Бидете постојано заинтересирани за нови трендови и технологии и секогаш стремете се кон подобрување и усовршување. Секое искуство и секој човечки контакт води до градење на автентичнотото и професионалното - јас.