Rising star of the week – Дарко Ивановиќ, студент на Академијата за човечки ресурси на Семос Академии
Дарко Ивановиќ е уште еден успешен студент на Академијата за Човечки Ресурси на Семос, кој со својата приказна инспирираше многумина. Тој со задоволство го споделува своето искуство на Академијата, и ја препорачува на секој кој сака да го прошири своето знаење и да се унапреди професионално.
Кажете ни нешто за себе, кој е Дарко и како започна твојата приказна во Семос Академии?
Јас сум Дарко Ивановиќ од Скопје. Покрај моите професионални интереси, моето слободно време го поминувам на фудбалски натпревари, како фудбалски судија. Мојата приазна во Семос Академијата започна од мојата долгогодишна желба да научам и стекнам нови знаења и искуства, особено во областа на човечки ресурси.
Што ве импресионираше најмногу од Академијата за човечки ресурси?
Највпечатлив за мене беше начинот на кој предавачите ја споделуваат својата експертиза и знаење. Добрата комуникација со предавачите и нивната креативност во презентирањето на предметите и модулите е нешто што навистина ме воодушеви. Нивниот пристап кон предавањето беше интерактивен и ангажирачки, што ја направи атмосферата на учење многу пријатна и продуктивна.
Колку Академијата помогна во твојот професионален развој?
Академијата значително ми помогна да ја зголемам мојата свест, мотивација и креативност на повисоко ниво. Најмногу ми помогна во делот на правните аспекти, кои претходно не ми беа доволно познати и во кои не бев доволно информиран. Овие знаења ми овозможија да се чувствувам посигурен во својата работа и да донесувам подобри одлуки во професионалниот живот.
Која е вашата порака до идните студенти на Семос Академии?
На идните студенти би им порачал: Верувајте во себе и работете напорно на себе. Само така ќе успеете да ја достигнете посакуваната цел. Семос Академии е најдобрата прилика за тоа, бидејќи е една од ретките академии каде што можете да стекнете големо знаење и искуство. Прифатете го патувањето на учење и дозволете вашата страст и мотивација да ве водат напред.