Драгана е личност која е љубопитна и секогаш подготвена да усоврши нешто ново.
Претходно вршев воспитно образовна дејност, но пројавував афинитети и за ИТ сферата, конкретно за тестирање на софтвер. Имајќи ја таа пасија, решив да се насочам и да ја искористам таа можност да се пријавам на оваа обука.
Зошто се одлучи за обуката за Software Tester?
Предводена од желбата за промена на кариера но и главна мисла која што ме натера да аплицирам, да го поминам приемното тестирање а со тоа да изучувам и развијам нови вештини, ми беше тоа дека така би си ги проширила хоризонтите за подобро вработување како и фриленс работа од било каде.
Кој беше најинтересниот и омилен дел од наставата?
Како најинтересен дел би го одбрала начинот на пренесување на знаењата кој се одвиваше преку споделувања на лични искуства, како и предизвиците со кои што се соочиле при тестирање од сите предавачи кои што ги имав, морам да напоменам врвни во својата област а особена благодарност би изразила до предавачот Димче Ацковски кој беше инспирација уште повќе да ја засакам оваа професија.
Како омилен дел би ја издвоила работата на реален проект кој ми помогна практично да ги применам стекнатите знаења.
Што би им препорачала на идните студенти на обуката за Software Tester?
На идните студенти би им препорачала да не се двоумат да ја одберат оваа обука за software testing без разлика на тоа дали имаат мали или воопшто никакви предзнаења во оваа категорија, затоа што професионалноста и посветеноста на предавачите ќе им помогне во развој на нови кариерни вештини и техники за тестирање.
Каде се гледаш себеси во иднина?
Се пронајднов во оваа за мене нова професија и планирам да продолжам по овој пат надоградувајќи се и изучувајќи и за Аutomation Software Testing. Себеси се гледам како успешен тестер кој константно ги изучува новите техники и технологии на тестирање.
Ми беше задоволство што бев дел од оваа обука, уште еднаш изразувам благодарност до Кариерниот центар на Семос Едукација за целокупната поддршка за време и по обуката.