Кажи ни нешто за себе, која е Марина и како започна твојата СЕМОС приказна?
Здраво, јас сум Елена. Надвор од професионалната област, сум голем љубител на природата, животните и спортувањето, кои ми носат огромно задоволство и хармонија во секојдневниот живот. Во време на неверојатни можности и достапност на ресурси за остварување на соништата, решив да го послушам мојот внатрешен глас и да направам храбра промена во мојата кариера, запишувајќи академија за Дигитален маркетинг.Мојата сестра заврши академија на Семос и беше одличен пример по кој решив и јас да чекорам. Одлучна да ги проширам своите хоризонти, знаејќи дека правам огромен чекор за мојот личен напредок, раст и развој во професионалниот ангажман.
Што најмногу ти остави впечаток од академијата за Дигитален маркетинг?
Исклучителната посветеност и професионализам на предавачите, пренесувањето на нивното практично искуство стекнато од реалните предизвици на пазарот беа клучни фактори што го обликуваа моето искуство од предавањата.
Академијата за Дигитален маркетинг и воедно работењето во тоа поле нуди можност да се избегне монотоноста и рутината која може да биде ограничувачка. Професијата дава креативност во размислување, слобода и флексибилност. Убавината е што постојано има што да се учи. Дигиталниот маркетинг подразбира постојано прилагодување на новите трендови, алатки и технологии, што самото по себе е динамично и возбудливо. Тоа е она што мене ме инспирира и привлекува.
Колку академијата ти помогна во твоето професионално развивање?
Академијата претставува отскочна даска во мојата професионална кариера, која ми отвори нови видици и ми овозможи да ги усовршам моите лидерски и менаџерски вештини. Оваа основа не само што ми даде самодоверба за работа со дигитален маркетинг, туку и ми отвори нови можности за кариера, помагајќи ми да го проширам моето портфолио и да се истакнам на пазарот на труд.
Која е твојата порака до идните студенти на СЕМОС?
Негувајте го духот на контнуирано учење и слушајте го својот внатрешен глас, тој секогаш ја зборува вистината. Поставете високи цели, потпирајте се вашето знаење и секојдневно збогатувајте го. Инвестицијата во саморазвојот никогаш не завршува. Без разлика на возраст или статус, секој од нас има потенцијал да открие нови области на интерес и да се впушти во нови авантури. Во ова време со сите информации достапни вреди да се обидеш.