Воглавно како ентузијаст по природа и како личност која цели кон непрекинат напредок и професионално доусовршување, Семос Едукација тоа ми го обезбеди преку обуката за Autodesk 3D Artist. На прв поглед, преку согледување на понудата на програмскиот пакет курсеви кои ги нудат на идните студенти, не само што овој едукативен центар ги исполни моите очекувањата, туку со сигурност можам да потврдам дека добив многу повеќе од тоа што го имав замислено на почетокот.
Кој е твојот омилен модул од обуката и зошто?
Тешко би се одлучил кој модул ми беше омилен, но можам да споделам позитивно искуство од ангажираноста на целокупниот кадар кој овозможи сите модули да бидат беспрекорно организирани и навремено реализирани. Тука би го посочил делот „Работа на реален проект“ каде сите претходни познавања и стекнати вештини од претходните модули, можевме на креативен начин да ги инкорпорираме и да ставиме свој белег на дадената задача. Секако, морам да напоменам и да изразам голема благодарност дека сето ова не би било возможно без несебичното вложување на инструкторката Mарија Постоловска, која во секое време неуморно одговараше на нашите потреби кога наидувавме на било какви потешкотии. Исто така модулот „Кариера“ , морам да нагласам дека е од сособена важност каде долгогодишното искуство на инструкторот Јасмина Антиќ ни овозможи да се стекнеме со нови предзнаења и развој на нови вештини кои се од исклучително значење за нашиот професионален развој во иднина.
Три работи што најмногу ти оставија впечаток на обуката?
Тука би ги издвоил стручноста, елоквентноста и спремноста на кадарот да одговори на било какви предизвици. Особено впечаток ми остави динамиката на одвивање на наставата и подготвеноста на инструкторите преку сеопфатен интегриран пристап примери да ни ги појаснат и поедностават дури и најсложените задачи.
Што е она што најмногу те инспирира во секојдневната работа?
Мене лично најмногу ме инспирираат предизвиците на кои наидувам во текот на секојдневното работење. Кај мене тие делуваат како еден вид стимул за понатамошниот развој и напредок. Излегувањето малку од својата комфорна зона некогаш придонесува за нови соочувања и проблеми кои во иднина даваат значитечен придонес и искуство за нивно совладување, како и интегрирање на тоа стекнато искуство во друг применлив облик во идни слични ситуации.
Која е твојата порака до идните студенти на Семос Едукација?
Мојата препорака до сите идни студенти кои имаат амбиција да учат и да се доусовршуваат, истите да не се двоумат, да бидат решителни, да немаат предрасуди и да станат дел од Семос Едукација. Ова можам да го потврдам лично јас како индивидуа која започна без претходно искуство и било какви предзнаења од оваа област. Идните студенти сигурно ќе имаат одлично време поминато во овој едукативен центар, каде ќе имаат можност да учат од врвни инструктори отворени за соработка, но исто така ќе имаат можност за ширење нови познанства помеѓу идните студенти.