Причината што ја одбрав Семос Едукација беше тоа што Adobe сертификатот со кој би се здобила од нивната обука е признаен насекаде и на тој начин би имала голем плус додека аплицирам за одредени работни позиции.
Како одлучи да станеш Motion Graphic Designer?
Со моето искуство во графички дизајн и малку искуство во светот на анимациите, ми беше потребна причина да научам многу повеќе. Затоа ја запишав конкретно обуката за Motion Graphic Designer затоа што верував дека на тој начин би го подобрила квалитетот на моето работење, но и би научила многу. Што и се оствари! Иако обуката траеше само неколку месеци јас се чуствувам спремна да подготвувам покомплексни анимации на моите графики.
Кои знаења и вештини ги стекна за време на програмата и дали ги применуваш?
Иако во моето 7-годишно искуство постојано работев на програмите Adobe Illustrator и Photoshop, научив некои нови алатки што веќе ги применувам и многу ми ја олеснуваат работата. Се изненадив колку беа лесни и потребни, но јас не сум ги знаела. За останатите две програми PremierPro и Adobe After Effects кои што ги работевме на обуката, можам да кажам дека научив сè што ми беше пренесено од менторите преку постојани вежби. Иако тие две програми беа прилично нови за мене затоа што сум работела само полесни анимации, јас во овие неколку недели што ги изучувавме се чуствувам како почнувам да ги владеам и имам доволно самодоверба да почнам да работам на проекти и да ги исполнувам истите.
Три работи што најмногу ти оставија впечаток од наставата?
Една од трите работи што ми оставија впечаток се менторите. Се изненадив од тоа колку беа отворени и пријателски настроени кон нас што потполно ја менува атмосферата на учење и ја прави многу полесна. Втората работа е трпението кое што тие го покажаа кон нас со нашите прашања кои морам да кажам многу пати се повторуваа. И трето, мене ми е многу мило што бев дел од овој тим затоа што сите се поврзавме иако воопшто не се познававме и си помагавме едни на други кога и да имаше потреба. Овие три работи што ги набројав според мене се клучи за успех во еден тим!
Каде се гледаш себеси во иднина?
Мојата желба одсекогаш била да креирам и да продавам сопствени боенки, што веќе се остварува. Но сепак би сакала да работам во некоја компанија за графички дизајн и анимации со тим со кој би работеле заедно и би пронаоѓале решенија за сите проблеми на кои би наидувале. Мојот
најголем сон е еден ден да работам во областа на гејминг индустријата каде би работела на создавање и креирање на карактери.