Јас сум Марија Димеска. Се запознав со програмирањето уште додека ги учев основите на информатика, каде што најпрво се сретнав со C++. Таа прва интеракција ме воведе во фасцинантниот свет на кодирањето, каде што секој ред код го имаше моето целосно внимание и интерес.
Мојата страст за програмирањето растеше и се развивав како PHP developer, каде што имав можност да ги применам своите вештини во практика. Како програмер со искуство, вклучувањето во Python курсот на Семос Едукација беше природен чекор во мојата кариера. Со развојот на технологиите и потребите на пазарот, почувствував дека е неопходно да го надополнам моето знаење, и да се насочам кон платформи и јазици што се сè попопуларни и по-барани. Python не само што е популарен и широко користен јазик, туку е и извонредно моќен во различни области како веб развој, научни истражувања, обработка на податоци итн. Токму тоа го имаше мојот интерес.
Како што напоменав, сакав да се запознаам со нови техники и методологии, па Python ми изгледаше како интересен предизвик. Забележав дека Семос Едукација е ИТ едукативен центар што ја нуди обуката што одговараше на моите потреби и токму неа ја избрав бидејќи имаат репутација за квалитетни обуки и искусни инструктори кои се фокусирани на студентското учење и навистина се покажа така. Благодарение на тоа, оваа обука ми донесе не само нови знаења, туку и можности за напредок во мојата кариера како програмер.
Најпрво, впечатлив ми беше начинот на пренесувањето на тековниот материјал од страна на инструкторите за време на нивните предавања. Тие успеаа да ги објаснат комплексните концепти на начин што беше лесно разбирлив и одлично прилагоден на нашите потреби како студенти.
Друг аспект од обуката што ми остави впечаток беше практичниот аспект. Имавме можност да ги применуваме знаењата што ги стекнавме во проекти и задачи, што ми помогна да ги зацврстам и разберам концептите подобро.
Конечно, она што најмногу ми остави впечаток за време на курсот беше тоа како концептите на PHP се преливаат во Python. Предходно работев исклучиво со PHP и бев заинтересирана како моето постоечко знаење би се пренело во Python. Изненадувачки, открив многу сличности во логиката и синтаксата помеѓу двата јазици, што го направи преодот многу поедноставен од очекуваното. Оваа конекција помеѓу PHP и Python не само што го засили моето разбирање на основните принципи на програмирањето, туку и ми го прошири погледот на тоа како различни јазици можат да се дополнуваат.
Завршниот проект беше есенцијален дел од мојата обука. Преку него, не само што ги применив знаењата и вештините што ги стекнав во текот на курсот во реална работа, туку и имав можност да ги развивам моите аналитички и креативни способности. Проектот ми донесе нови предизвици и проблеми кои требаше да ги надминам, што ме научи како да барам и изработувам решенија за реални сценарија. Ова искуство значително ги засили моите способности и ме подготви за следниот чекор во кариерата, отворајќи врати за напредок и нови можности. Воедно, успешното завршување на проектот ми ја зголеми вербата во мојата способност да се справам со предизвиците кои би се појавиле во мојата професионална иднина.
Во иднина, се гледам како искусен програмер во мојата област на интерес, со значително искуство и придонес во иновацијата и развојот на проекти кои се значајни за нашето општество. Поттикната од мојата страст за учење, се надевам да продолжам со раст и развој во кариерата, можеби и да дојдам до позиција каде ќе го споделувам своето знаење со други. Воедно, сакам да ги развивам моите лидерски способности и да градам тимови што креативно и успешно ќе ги решаваат предизвиците зададени пред нив.