Јас сум Горан од Штип, инаку претходно имам работено како .NET програмер и графички дизајнер и секогаш барам начин како да го надградам моето знаење.
Зошто се одлучи за обуката Python?
Предизвикан од новите трендови на AI, сакав да научам Python бидејки се поголем е бројот на компании што се занимава со оваа тематика и би имал големи можности за вработување. Едноставноста на Python кодирањето и лесната интеграција со други програмски јазици и технологии е тоа што најмногу ме привлече да започнам со учење Python. Предавањата на Семос Едукација ми беа привлечни и по препорака на пријатели решив да се пријавам на овие предавања и во ниеден момент не се покајав.
Три работи што најмногу ти оставија впечаток на обуката?
Како прво и најважно е мислам односот на предавачите со студентите, достапни секогаш за студентите за било каков проблем или прашање Ви стојат на располагање. Второ, домашните задачи беа вистински предизвик и начин како побргу да научиш и да би знаел да го употребиш тоа што го учиш и на крај трето, завршниот проект беше вистински предизвик како е да се соочиш со проблеми на вистински проект кој подоцна сам можеш да го развиеш во вистинска корисна апликација.
Што би им препорачал на идните студенти на Семос Едукација?
Би препорачал на идните сртуденти на Семос Едукација да почнат со учење на основите на Python програмирањето без никаков страв затоа што предавачите се секогаш достапни за консултација (дури и вон времето за предавања). Во ова време се повеќе се користат новите технологии како AI, machine learning, data science и слично со што Python претставува вистинска прилика лесно да станете успешен програмер.