Се одлучив за обуката за Python Developer најмногу поради моето знаeње стекнато на Факултетот за електротехника и информациски технологии, што ми овозможи цврста основа во поглед на логичкото размислување кога доаѓа до програмски јазик како Python. Мојата мотивација секогаш била желбата за постојано учење и откривање нови работи, како и стремежот за проширување на моето знаење и остварување на мојот потенцијал, посебно во областа на технологијата за која што од мали нозе сум била љубопитна. Python, како програмски јазик е неверојатно распространет и широко користен во различни области кои ме интересираат, како што web development што стартно го нуди оваа обука, но исто така и во области како анализа на податоци, машинско учење и автоматизација. Сметам дека познавањето на Python ќе ми овозможи поголеми можности во кариерата и ќе ми помогне да ги имплементирам моите идеи на поефективен начин.
Кажи ни нешто за себе. Која е Викторија?
Јас сум Викторија, имам 26 години и сум дипломиран инженер по електротехника и информациски технологии од областа електроенергетика и проектен менаџмент со скоро 2-годишно искуство во човечките ресурси. Од мала возраст ме привлекувала математиката и бројките, наоѓањето на решенија за технички и логички предизвици , па сето тоа ме насочи на овај кариерен пат. Би се опишала како личност која е отворена и комуникативна, со желба да остварува нови познанства како и да работи со луѓе, и токму тоа ме доведе до областа и на човечките ресурси. Во слободното време обожавам да патувам и да запознавам нови луѓе, нови култури, откривајќи што се светот има да понуди. Животот го гледам како едно патување на постојано учење и развој, и секогаш се трудам да го извлечам најдоброто од секоја ситуација.
Три работи што најмногу ти оставија впечаток на обуката?
Најпрво би го издвоила Марко, нашиот инструктор за Python модулите кој максимално се посвети да го сподели своето знаење и несебично помагаше и ни одговараше на прашања и вон работно време. Второ, би рекла концептот на цела обука за полесно совладување на целиот материјал, а како трето би го издвоила финалниот модул, или работа на реален проект коj што што на крајот го презентиравме и пред клиенти. Ова искуство ми остави силен впечаток бидејќи ми овозможи да ги применам моите теоретските знаења стекнати во текот на обуката и практично, и да се соочам со предизвиците кои ги носи работењето на мини реален проект. Презентацијата ми ја зајакна самодовербата и ми помогна да го усовршам моето професионално претставување и комуникациски вештини.
Што би им препорачала на идните студенти на Семос Едукација?
На сите идни студенти доколку се желни за знаење и сакаат да го подобрат својот потенцијал, топло им препрепорачувам да се обратат во Семос Едукација зад која што се наоѓа тим на професионалци кои ќе им дадат јасна насока и помош да ја избераат соодветната обука за нив, а потоа ќе бидат проследени кон неверојатни ментори. Позитивно бев изненадена за отвореноста и флексибилноста на тимот во Семос Едукација кои постојано беа отворени за прашања и достапни за сите нас. Обуката е интензивна, но со правилна организација и труд, резултатите ќе бидат одлични. Исто така, да не се плашат да поставуваат прашања и да бараат помош кога е потребно.