Кажи ни нешто за себе, која е Ивана и како започна твојата СЕМОС
приказна?
Јас сум Ивана Икономова, студирам психологија. Отсекогаш имав желба
да се насочам кон работа со луѓе, комуникација, мотивација и
задоволство на вработените, како и создавање на позитивна и
продуктивна работна средина. Во фокусот и на психологијата и на
управувањето со човечките ресурси се луѓето, токму затоа се решив да
ја запишам Академијата за човечки ресурси, се’ со цел да го применам
и продлабочам досегашното универзитетско знаење со нови вештини и
алатки во доменот на човечките ресурси. Имено, најважна движечката
сила што една компанија ја поседува се нејзините вработени, па затоа
е од суштинско значење да се зголеми свесноста за потребата од грижа
и инвестирање во нив. Грижата за вработените не е само етичка
обврска, туку и стратешка предност.
Што најмногу ти остави впечаток од академијата за човечки ресурси?
Експертизата на предавачите беше навистина инспиративна – нивната
длабочина на знаењето и искуствата ги доловуваа комплексните
концепти на практичен начин, преку реални примери. Постојаната
комуникација и консултација за секоја не јаснотија, како и
препораките што ги добивавме навистина беа од голема помош во целиот
процес на учење. Дополнително, разновидните искуства на другите
слушатели, кои доаѓаа од различни животни и професионални средини,
внесоа дополнителна вредност.
Колку академијата ти помогна во твоето професионално развивање?
Инвестирањето во Академијата за човечки ресурси беше клучна одлука за
мојата идна кариера. Тоа беше повеќе од само едукативно искуство,
беше патување на само откривање, создавање нови мрежи во светот на
HR, градење вештини, како и професионален раст. Возбудена сум за
иднината и придонесите што ќе можам ги имплементирам во мојата нова
улога.
Која е твојата порака до идните студенти на СЕМОС?
Бидете проактивни, љубопитни и отворени за промени.
Прифатете ги предизвиците како шанси за учење, кои ќе придонесат за
вашиот личен и професионален раст и развој, а СЕМОС е одличен избор
за да ти остварите вашите цели и амбиции.