Кажи ни нешто за себе, кој е Матеј и како започна твојата СЕМОС приказна?
Ја сум Матеј Поповски имам 21 година, студент на Универзитетот Американ Колеџ на факултетот за Архитектура, смер внатрешна архитектура. Љубовта кон архитектурата, особено внатрешното уредување ме натера моето образование да го започнам во Средното градежно училиште Здравко Цветковски. Основите на оваа преубава професија ги добив таму, надоградбата на факултет, но сепак во себе чувствував одредена празнина – недоволна спремност да се вклучам во новите трендови во дизајнирањето каде како централен елемент е користењето на новите технологии и програми во дизајнирањето, а особено во пезентирањето на проектите на потенцијалните клиенти. Решението на овој проблем го најдов во програмата на СЕМОС едукација, каде оваа празнина во моето знаење можев да ја пополнам.
Што најмногу ти остави впечаток од академијата за Внатрешен дизајн?
Уште од првиот час веднаш го почувствував професионалниот пристап на предавачите и нивната искрена посветеност да го споделат своето знаење со нас. Без разлика дали некој од нас имаше претходно искуство или не, сите се чувствувавме добредојдени и дел од обуката. Предавачите се грижеа секој од нас да ги совлада предизвиците што програмите ги носеа, без да се чувствуваме изоставени или изгубени. Практичната работа играше клучна улога во нашето учење – благодарение на неа, успеавме многу полесно и поефикасно да ги совладаме софтверите, кои на моменти изгледаа навистина комплексни и предизвикувачки.
Колку академијата ти помогна во твоето професионално развивање?
На прв поглед, предметите кои ги следев на академијата изгледаа многу слични на оние што веќе ги учам во моето формално образование. Меѓутоа, брзо сфатив дека академијата има сосема поинаков пристап. Фокусот не е само на теоријата, туку на практичната обука, каде што наставата е директно поврзана со реалниот свет. Изучувањето на критичните софтверски програми за внатрешен дизајн е на многу повисоко ниво, што ми овозможува да ги развијам вештините кои ќе ми бидат потребни за успешно да се справам со предизвиците во професионалната кариера.
Која е твојата порака до идните студенти на СЕМОС?
Секој кој сака да вложи во себе и своето знаење, треба го одбере вистинското место каде ќе добие професионален однос од предавачите, практична обука и подршка за упрофесионален развој.