Rising star of the week – Моника Бојковиќ,
Студент на обуката за Autodesk 3D Artist поддржана од АВРСМ
Зошто се одлучи за обуката Autodesk 3D Artist?
Мојата желба да се надоградам и да го усовршам моето знаење е токму причината што ја избрав обуката Autodesk 3D Artist, како и моето претходно искуство во оваа област. Моето претходно искуство во Семос Едукација кога го слушав курсот за 3DS MAX како и задоволството од самата реализација на курсот и стекнатото знаење ми служеа како еден вид на гаранција дека сум ја избрала вистинската обука за мене.
Кажи ни нешто за себе. Која е Моника?
Моника е дипломиран инженер за дизајн и технологии на мебел и ентериер. За себе можам да кажам дека сум перфекционист и многу ми се важни деталите. Отсекогаш ме интересирал минимализмот а тоа се отсликуваше и низ моите досегашни проекти. Во слободното време уживам да читам книги и разни списанија за уредување на ентериери.
Три работи што најмногу ти оставија впечаток на обуката?
Најпрво, најголем пријатен впечаток ми оставија сите професори како и нивната желба и ангажираност своето знаење да ни го пренесат на нас како и нивната достапност во секое време и нивната несебичност да ни помогнат во текот на целата обука. Исто така впечаток ми остави и големата професионалност и организираност на обуката како и динамиката на наставата. Најмногу сум задоволна од стекнатото знаење и крајниот резултат од обуката. Мислам дека оваа соработка на Семос Едукација со АВРСМ е одлична можност за нас младите да се обучиме и ни отвора големи кариерни можности.
Каде се гледаш себеси во иднина?
Себеси во иднина се гледам како сопственик на свое студио за дизајн на ентериери кое ќе биде познато и препознатливо на пазарот по својот квалитет и стил со многу успешни приказни зад себе.