Rising star of the week – Николина Јанковска Студент на обуката за Autodesk 3D Artist поддржана од АВРСМ
Кажи ни нешто за себе. Која е Николина?
Јас сум Николина Јанковска, имам 23 години и од неодамна сум Дипломиран инженер во областа за дизајн и технологии на мебел и ентериер.
Николина е ентузијаст што сака да ја зграби секоја прилика за проширување на знаењата, па така се одлучив да се запишам на оваа обука.
Три работи што најмногу ти оставија впечаток на обуката?
Како една од работите кои дефинитивно ми остави впечаток на обуката е професионалноста и посветеноста на предавачите во процесот на изучување на програмите.
Со сигурност можам да ги издвојам програмите Autocad и 3ds Max како едни од поинтересните работи кои ги научив и усовршив за време на обуката.
Како креативен ентузијаст, широките алатки и опции за моделирање во 3ds Max ми дозволуваат да ги оживеам моите идеи со прецизност и реализам.
Каде се гледаш себеси во иднина?
Во иднина се гледам себеси како Дизајнер на ентериери кој успева да најде склоп помеѓу функционалноста и креативноста креирајќи простори кои инспирираат.
Се надевам на секојдневно надополнување на моите знаења и вештини во процесот на создавање на мој уникатен стил и печат.