Rising star of the week – Павел Кочов,
Студент на обуката за Python Developer поддржана од АВРСМ
Зошто се одлучи за обуката Python?
Python обуката ја одбрав затоа што Python како програмски јазик е еден од најчесто користените и своја примена наоѓа во повеќе полиња како креирање на вебсајти,машинско учење, автоматизирање на процеси,обработка на податоци и сл.
Кажи ни нешто за себе. Кој е Павел?
Павел е амбициозна личност која постојано сака да учи и да ги унапредува своите вештини. Како дипломиран машински инженер кој неколку години успешно работеше во таа област се одлучив на кариерна промена во ИТ и како свој ментор ја одбирав токму Семос Едукација.
Три работи што најмногу ти оставија впечаток на обуката?
Најпрво би потенцирал дека обуката се одвиваше со многу коректна динамика која ни дозволуваше да имаме доволно време за вежбање и завршување на задачите.
Би ги пофалил и би им се заблагодарил на менторите кои несебично го споделуваа своето знаење, имаа многу трпение и беа секогаш тука да одговорат на било кое прашање или проблеми.
Самата обука и модулите се така креирани да имаш можност од модул во модул да започнеш од нула и континуирано да се развиваш и надградуваш.
Што би им препорачал на идните студенти на Семос Едукација?
На идните студенти на Семос Едукација би им препорачал да не се двоумат затоа што секогаш е вистинско време за промена, да ги следат своите соништа, да си постават цел и да не се откажуваат додека не ја остварат.