Јас сум Тамара Панова, дипломиран инженер и студент на магистерски студии за архитектонско проектирање. Уште од моите тинејџерски години имам голем интерес кон ИТ светот и сè што има да понуди, како и подоцна, после студиите поттикнато со пракса како QC и QA да ми се роди желбата да го проширам моето знаење за тестирање. Со амбицијата, мултиталентираноста и константната желба да го хранам мојот ум со дополнителни вештини, одлучив да се запишам на ISTQB Software Tester обуката во Семос Едукација во соработка со АВРСМ.
Зошто се одлучи за обуката за Software Tester?
Сметам дека тестирањето секогаш е потребно, за ние самите како корисници да бидеме позаштитени, да бидеме сигурни во продуктите кои што ги користиме и секако, продуктот да функционира успешно. Секогаш сум сакала професии каде што има улога на помагање на нештото да биде подобро, да се обрнува внимание на детали, да се има љубопитност, па улогата на Тестер ми изгледаше перфектна за тоа.
Кој беше најинтересниот и омилен дел од наставата?
Вежбите ми беа омилениот дел кој го чекав во секое предавање. Работата со Azure DevOps беше доста интересна, како и сите тестинг проекти кои што ги правевме во него. Со exploratory testing ми беше интригирачко откривањето на скриени проблеми, размислување out-of-the-box, како и самиот процес на истражување. Секако, морам да ги пофалам и предобрите ментори Фисник Доко и Стефан Крстевски кои ни даваа неизмерно знаење и искуство и секој час го правеа вреден за присуство и ангажман.
Како завршниот проект ти помага во остварување на твојата цел и преземање на следниот чекор во твојата кариера?
Завршниот проект со тестирање на веб сајтови за е-трговија беше кулминација на моето знаење за тестирање, ме поттикна да дадам сè од себе и совладаниот материјал да го применам во успешна пракса.
Со Agile проектот успеав да ги поврзам мојата дизајнерска професија со тестирањето, со тоа што често во софтверот што го користев за 3Д моделирање имаше багови, па се погоди прилика да го искористам тоа знаење за да изготвам анализа на дефекти и документација за истото.
Каде се гледаш себеси во иднина?
Се надевам - на работно место како Software Tester или Scrum Master. Секако, би сакала да ги проширам и моите вештини за автомација, па и да можам да ги споделам тие вештини за да придонесам во подобрување на работниот циклус. Ми беше задоволство што бев дел од обуката, увидов апсолутна поддршка и професионалност од целиот тим на Семос Едукација, и ги мотивирам сите што сакаат добро и квалитетно IT образование да го изберат овој едукативен центар.