Кажи ни нешто за себе, која е Теодора и како започна твојата СЕМОС приказна?
Периодот кога почнав да ја разгледувам Семос Едукација како опција, бев неодамна дипломиран психолог, заинтересирана за човечки ресурси и општ личен развој. Бев фасцинирана од потенцијалот од човечките ресурси за подобрување на културата на работното место и целокупното задоволство на вработените и возбудена сум за придобивките што допрва ќе се манифестираат низ компании кои ги имплементираат. Мојата желба да го продлабочам моето универзитетско разбирање и задоволам својот личен интерес ме доведе до Семос, привлечена од целокупната репутација при обезбедување висококвалитетно образование и практични сознанија кои се директно применливи во работна средина.
Што најмногу ти остави впечаток од Академијата за човечки ресурси?
Она што најмногу ми се истакна беше интерактивниот и ангажиран пристап кон учењето, нешто што е исклучително важно, особено во област како оваа. Инструкторите, професионалци во своите подгранки, кои низ текот на целата настава споделуваа вредни сознанија од нивните кариери, правејќи го процесот на учење многу полесен. Исто така бев импресионирана и од искреноста и страста на моите врсници-нивниот ентузијазам создаде атмосфера за соработка која поттикна тимска работа и меѓусебна поддршка.
Колку Академијата ти помогна во твоето професионално развивање?
Академијата значително го поттикна мојот професионален развој. Стекнав сеопфатно разбирање за принципите, концептите и најдобрите практики за човечки ресурси, кои се корисни не само за оние кои се професионално навлезени во сферата на човечки ресурси, туку и за вработените лица во целина, бидејќи овие принципи директно влијаат на квалитетот на работната средина и напредокот во кариерата. Практичните работилници и можностите за вмрежување беа непроценливи, што ми помогнаа да изградам доверба и да се поврзам со многу индивидуи. Можам да кажам дека се чувствувам многу поспремна да преземам одговорност за улоги во човечки ресурси.
Која е твојата порака до идните студенти на СЕМОС?
Мојата порака до идните студенти на СЕМОС е целосно да ги прифатат можностите за учење што им се претставени. Не размислувајте премногу дали сте ја донеле вистинската одлука при изборот на специфична академија, дополнително учењето од која била област е секогаш предност. Вклучете се со вашите врсници и инструктори и не избегнувајте да поставувате чудни прашања, инструкторите се многу желни да ја поддржат вашата амбиција и позитивно реагираат на љубопитност.