Која е Вероника? Зошто се одлучи токму за Python летна менторска програма на Семос Едукација?
Еден збор: Сложувалка. Целам кон нови искуства, и уживам во решавањето на проблеми.
Сакам да посочам една омилена квотација од Ерно Рубик: „The Cube is, at the same time, a symbol of simplicity and complexity." Мене оваа изјава ме потсетува на целиот концепт на прграмирањето со употреба на јазикот Pythion.
Летната менторска програма во целост ми даде "push" кој веќе подолго време го барав за да се насочам кон кариерата која најмногу ми одговара.
Како завршниот проект ти помага во остварување на твојата цел и преземање на следниот чекор во твојата кариера?
Завршниот проект на кој работевме бараше посветеност и многу трпение, што е потребно за секој нов почеток. Имаше дадено акцент на повеќе работи кои се потребни за реално користење на јазикот.
Целосното знаење кое го добив во текот на летната менторска програма беше ставено во пракса користејки го овој проект. Проектот значајно ќе ми помогне понатака да се насочам на кариерата кон која целам.
Исто така, сакам да додадам дека модулот Планирање и Развој на Кариера беше одличен додаток на курсот кој ни помогна да дефинираме конкретни и остварливи цели во кариерата. Ни помогна со насоката во која сакаме да се движиме давајќи ни еден реален увид во почетоците на секоја кариера.
Кој е најдобриот совет што го слушна во Семос Едукација?
Имавме повеќе професори кои беа посветени да не научат како правилно да работиме на проблемите и да размислуваме на истите. Бескрајно сум им благодарна за напорот кој го вложија и знаењето кое го пренесоа.
Ќе дадам едно оформено мислење од повеќе слични совети, лично за мене, на кои размислував малку повеќе.
Пред се, да се фокусираме на самите себе, константно да се подобруваме, без откажување. И најважно, да дадеме се од себе да ги покажеме нашите добри страни без никаков сомнеж и со многу самодоверба!