Како се одлучи да ја отпочнеш твојата кариерна патека во областа на внатрешниот дизајн?
Моето име е Георгина Мирческа и имам дипломирано и магистрирано на Факултетот за Арт и Дизајн при Европскиот Универзитет во Скопје, отсек Дизајн на ентериери. Со оглед на тоа дека дизајнот постојано се менува, заедно со него се менуваат и алатките кои што еден дизајнер ги користи како изразни средства кога станува збор за реализирање на проекти. Па така, после извесни години од мојата магистратура и веќе отпочната кариера како дизајнер, решив да се запишам на Официјалната Autodesk Академија за внатрешен дизајн во Семос Едукација, каде што добив можност да го надоградам своето знаење, со цел да ги користам најсовремените програми и алатки и да бидам во тек со светските стандарди кога станува збор за изработка на ентериерни решенија.
Како завршниот проект ти помогна во остварување на твојата цел и отпочнување на твојата кариера во областа на внатрешниот дизајн?
Бидејќи приоритет беше практичната примена, а јас веќе имам отпочнато кариера во самата област, успеав да направам спој помеѓу моето претходно знаење и знаењето што го стекнав на Официјалната Autodesk Академија за внатрешен дизајн и да изработам проект, користејќи најсовремени алатки што даваат една поинаква димензија на квалитет во изработката на ентериерното решение. Го надополнив своето портфолио, а воедно и успешно ја завршив Академијата.
Што би им препорачала на оние кои сѐ уште се двоумат дали да почнат кариера во оваа област?
Запишете се уште денес! 🙂 Секој почеток е тежок, но истовремено е и полн со предизвици без кои не можеме да имаме личен и професионален развој. Autodesk Академијата за внатрешен дизајн е прилагодена да одговара на сите идни успешни дизајнери, а истовремено и на оние кои треба да направат „update” во пристапот и начинот на работа за да ја однесат својата кариера на ново ниво со помош на професионалци областа како што се и професорите од самата Академија.