Како се одлучи да ја отпочнеш твојата кариерна патека во областа на веб дизајн?
Јас сум Теа Илиева, студент на Академијата за веб дизајн во Семос Едукација. За професијата веб дизајнер дознав од моја блиска личност за време на моите средношколски денови, која што ги сподели искуствата на нејзини познаници за таа професија. Толку бев воодушевена што веднаш почнав да истражувам што всушност претставува веб дизајнот. Уште тогаш знаев дека мојата идна професија ќе биде токму оваа. Се определив за Семос Академијата бидејќи слушнав доста позитивни искуства од студенти на истата. Иако бев сосема нова во тој свет, многу лесно и брзо се вклопив и со нетрпение го очекував секое наредно предавање. Со сето знаење стекнато за време на Академијата, добив одлична подлога за понатамошната кариера која што ја започнав уште во вториот семестар, најпрво како практикант, а за кратко време и како UX/UI дизајнер.
Како завршниот проект ти помогна во остварување на твојата цел и отпочнување на твојата кариера во областа на веб дизајн?
Завршниот проект ми помогна да добијам целосна слика за процесот нa креирање на функционални веб страни и да откријам како својата замисла да ја претворам во реалност. Исто така, многу ми помогна и на работното место иако сум делумно оформен дизајнер, сепак знам да се снајдам при решавање на некои проблеми кои може да се јават во текот на реализација на проектот.
Што би им препорачала на оние кои сѐ уште се двоумат дали да ја отпочнат својата кариера во оваа област?
На сите оние кои сѐ уште размислуваат дали да го направат овој чекор, од сѐ срце би им препорачала воопшто да не се двоумат, туку да бидат храбри, да веруваат во себе и во она што го сакаат бидејќи секој може да успее доколку многу вложува во себе и своето знаење кое што ќе го стекне на Академијата за веб дизајн во Семос Едукација.