Здраво јас сум Владимир, дечко од Карпош. Цел живот сум љубител на технологијата и технолошките напредувања.
Иако
по струка сум Дипломиран Туризмолог од Факултетот за Туризам и Менаџмент- Скопје, сепак компјутерите и
компјутерската технологија останаа мои доминантни полиња на интерес.
Со помош на Семос Едукација, успеав да навлезам и подлабоко во интересниот и секогаш иновативниот свет на ИТ
технологиите.
Покрај компјутерските технологии, јас сум и страствен љубител на филмот и на добрата книга, без разлика дали
се
работи за стручна литература или белетристика, како и на добра музика која секогаш ми помага за подобро
опуштање
и за поголема концентрација.
Софтвер тестер е една од професиите што се можеби најинтересни во светот на ИТ технологиите. Секогаш ќе бидеш
опкружен со девелопери, тим лидери и други соработници, со чија помош е многу полесно да ја почнеш твојата кариера
во ИТ светот. Софтвер тестерите се исто така многу важен дел во процесот на изработка на квалитетни софтверски
решенија. Тоа се луѓето кои ги даваат одговорите на прашањата: " Дали ја изградивме работата на правилен начин?" и
"Дали ја изградивме вистинската работа?".
Друга важна причина при донесување на оваа одлука, беше и фактот што Семос Едукација е единствен официјален
провајдер на ISTQB курсеви и сертификати, кои уште од самиот почеток ти даваат голема сигурност дека материјалите,
како и целокупниот едукативен процес, се во тек со светските трендови и по најновите светски стандарди.
Генерално сите делови од курсот беа интересни, зошто секој дел овозможува се подлабоко осознавање на тематиката.
Но, како најинтересен дел би рекол дека беше почетокот, т.е Основите на софтвер тестирањето кој ни го предаваше
Проф. Фисник Доко. Тука за прв пат се сретнав со што всушност е софтвер тестирањето, зашто е важно софтвер
тестирањето, и се запознав со методите и техниките за успешно извршување на тестирањето на софтвер.
А како најомилем дел, дефинитивно би рекол дека тоа е делот каде што изработувавме индивидуален проект, преку
кој добивме шанса за прв пат да ги аплицираме сите наши знаења во нешто опипливо, нешто наше.
Завршниот проект многу ми помогна во аплицирање на знаењето и вештините што ги научив. Мислам дека тоа и е најблиску
што можевме да дојдеме до вистинската работа. Преку проектот можевме да се соочиме со дадени проблеми и истите да ги
решиме со аплицирање на нашите знаења.
Морам посебно да истакнам дека Проф. Димче Ацковски беше од многу важно
значење за успешно завршување на проектот. Тој со неговата науморна посветеност, и пред се со вложување на огромен
труд, правеше се, за сите во групата што поуспешно го изработиме проектот. Од решавање на секоја помал проблем, до
објаснување на секоја нејаснотија што ја имавме.
Овој проек исто така ми помогна многу во градење на самодовербата што е потребна за моја понатамошна надградба и
усовршување.
Во иднина би сакал да се видам себеси како дел од тим со кој би делеле исти вредности и тим на кој моите знаења и вештини би му помогнале во изработка на успешни проекти. Исто така би сакал да бидам дел од тим кој би ми помогнал и мене да се усовршам, да научам уште многу нови работи, и да се здобијам со нови вештини, кои би ме направиле вреден дел од тимот, каков што секоја компанија посакува.