Кариерниот центар е главниот „виновник” за моите први чекори на професионален развој
Во низата успешни приказни од Кариерниот центар на Семос Едукација, ја вбројуваме и онаа на Ана Марија, слушател на Python обуките во Семос Едукација, сега веќе практикант во компанијата Quipu. Кариерниот центар вложи напори за Ана Марија да ја пронајде посакуваната професија. Ја прашавме за целокупното искуство со обуката и соработката со Кариерниот центар.
Која е Ана Марија?
Ана Марија е огромен љубител на кодирање, технологија и наука, па како резултат на тоа е моментален студент по компјутерски науки на ФИНКИ во втората година од додипломските студии и практикант во софтверската компанија Quipu.
Зошто Семос Едукација?
Семос Едукација е мојот избор поради многуте успешни приказни кои се плод на слушање на некоја од обуките или Академиите, долгогодишната традиција на квалитетни обуки и предавачи и континуираната поддршка на сите амбициозни индивидуи преку организирање различни обуки и настани.
Кој е најдобриот совет што го слушна во Семос Едукација и дали го пренесуваш на други?
Советот кој би го издвоила е дека добар програмер не се станува преку ноќ, туку треба континуирано да се работи, како што би кажал и менторот Тоше Петровски, предавач за курсевите Python I и Python II – дури и само неколку линии код дневно би биле доволни, само ако тоа го правиме редовно и секојдневно.
Како одлучи да станеш Python Developer?
Python беше мојот избор поради широката употреба на овој програмски јазик – од полето на вештачката интелигенција, па се до web development. Според мене, со овој курс се добива основата за понатамошно насочување во кое било од полињата во кои се употребува Python.
Колку обуката во Семос Едукација ти помогна во она што денес го работиш?
Навистина многу. Познавањето на програмскиот јазик Python е од клучна важност за извршување на моите задачи како практикант. Предавачот Тоше беше секогаш тука да одговори на моите прашања од обуката но и надвор од материјата која истата ја обработуваше, а тоа многу ми помогна и на академско ниво, за запознавање на различни технологии кои моментално ги изучуваме или ќе ги изучуваме во иднина на студиите.
Која беше улогата на Кариерниот центар во отпочнување на твојата кариера?
Кариерниот центар на Семос Едукација е главниот „виновник” за моите први чекори на професионален развој, конкретно за станување дел од компанијата Quipu. По завршувањето на обуката, ме исконтактираа и ме запознаа со нивната работа, за неколку месеци по тој разговор, да бидам повторно исконтактирана од нивна страна, но овој пат со понуда за работно место. Кариерниот центар ме запозна со компанијата Quipu, каде моментално сум практикант.
Од што си фасциниранaво моментов и како тоа го вклопуваш во работата?
Фасцинирана сум од мојата работа како практикант кое воедно е и моето прво работно искуство. Среќна сум што мојата љубов кон компјутерските науки беше препознаена и соодветно наградена.
Каков совет би им дала на оние кои моментално бараат работа како Python developer?
Да продолжат да се надоградуваат во областа, да поставуваат прашања, да работат на лични проекти, да вложуваат во обуки како Python I и Python II понудени од Семос Едукација. Вложувањето во образование и квалификација е инвестирање во успех, а со Семос Едукација успехот е неизбежен.