Семос Едукација ја избрав поради долгогодишната репутација како успешен компјутерски едукативен центар кој низ годините обучил илјадници квалитетни кадри кои денес работат во естаблирани компании, што говори за посветеноста на Семос Едукација кон слушателите.
Дополнителен фактор се професионалните предавачи, експерти подготвени да пренесат знаење, искуство и реални ситуации со кои би се соочувале во секојдневната работа.
Кажи ни нешто за себе. Кој е Бојан?
По вокација сум магистер по бизнис право и економија , но 10 години работев како Менаџер на брод во гифт шопови. Ми се оствари желбата да го имам светот на дланка, да патувам и запознавам нови луѓе и култури и да посетам земји кои не би имал можност да ги посетам без оваа работа.
Која беше улогата на Кариерниот центар во отпочнување на твојата кариера?
Во Семос Едукација пронајдов интересни Cisco обуки, CCNA и CCNP преку кои стекнав знаење и вештини за тоа како работи една мрежа и интернетот глобално. Посебно сум благодарен на Кариерниот центар преку кој се вработив како Network Analyst во Nettxio.
Која е твојата порака до идните студенти на Семос Едукација?
Пораката до идните студенти е никогаш да не престанат да учат и да се надградуваат со различни вештини во текот на целиот свој живот. Секогаш бидете гладни за повеќе и не се ограничувајте, натпреварувајте се со себе, не со другите.