За курсевите на Семос Едукација се интересирав повеќе години наназад, ги разгледував програмите на курсевите и размислував кои од нив можат да ми помогнат во моето надоградување со практични вештини, коишто секако ја зголемуваат вработливоста.
Семос Едукација ги избрав затоа што се најдобри во државава и дополнително, етаблирани се и надвор од неа, што ми беше соодветна референца да се фокусирам токму на нив. Понатаму, од пријатели имав слушано за многу позитивни искуства, што ја потврдија мојата определба дека Семос Едукација ќе биде вистински избор за мене.
Се одлучив за обуката Microsoft Data Analyst. Откако се пријавив за истата, следеше тестирање, бидејќи мојата обука беше со финансиска поддршка од АВРСМ како дел од активните мерки за вработување на невработени лица.
Предавачите на курсевите, како и останатата комуникација со вработените од Семос Едукација околу организацијата на обуките, го потврдија моето убедување дека станува збор за врвни професионалци.
Имам 22 години, родена сум и живеам во Скопје. За време на средното образование, кое го завршив во гимназијата „Орце Николов“, особено ме интересираше физиката. Сепак, одлучив да студирам математика затоа што сметав дека е основа на многу научни дисциплини и обезбедува знаење кое е применливо во техничките области. Студиите по математика со успех ги завршив во Унгарија на Факултетот за природни науки на
„Budapest University of Technology and Economics“, како стипендист на унгарската влада.
Сакам да се дружам, како со пријателите од различни делови во светот кои ги запознав на студии, така и со пријателите од Македонија, од кои за жал голем дел се надвор од државата. Сакам друштвени игри (board games), многу сакам да готвам и ја сакам уметноста, особено музиката и ликовната уметност. Во минатото поактивно свирев виолина, како и некои други инструменти, а денес повеќе се занимавам со цртање, почесто во дигитална форма и со плетење.
Во отпочнување на мојата кариера улогата на Кариерниот центар на Семос Едукација беше значајна, особено затоа што ме препорачуваа на различни компании кои им се обраќаа ним во потрага по соодветен кадар. Така, често ме контактираа етаблирани македонски компании за интервјуа. Всушност и на интервјуто за актуелното работно место во НЛБ Банка бев повикана благодарение на нивната препорака.
Во моментов работам на позиција Развоен проектант, во ИТ секторот во НЛБ Банка. Иако јас сум дипломиран математичар на еден од подобрите факултети за математика во Европа, за конкретното работно место кое претпоставува поддршка во делот на функционирање на апликативниот софтвер на банката, обуката ми беше од големо значење. Имено, конкретната работна позиција вклучува познавање на SQL, а знаењето за истиот го стекнав на курсот DP-080: Querying Data with Microsoft Transact-SQL, што беше дел од обуката Microsoft Data Analyst.
Освен претходното, би сакала да истакнам и дека еден од курсевите во таа обука се однесуваше на кариерно планирање, што лично го наоѓам како многу полезно од аспект на подготовка со практични вештини за настап на интервјуа и себе-презентирање пред потенцијални работодавачи.
Моето лично искуство говори дека Семос Едукација нуди широк спектар на курсеви кои овозможуваат доквалификација или преквалификација. Оттаму, сите оние што помислиле да се надоградат во конкретна област од информатичка технологија, треба да пристапат кон учење на нови вештини, коишто значително можат да им го променат животот.
Секако, мојата порака до идните студенти е дека курсевите се многу полезни, па затоа посветено да се ангажираат во стекнување на знаења на истите. Со таков пристап успехот нема да им изостане.