Гордан Митревски - слушател на бесплатната обука за Automation Tester од АВРСМ
Гордан, зошто баш Семос Едукација?
Затоа што располага со врвен тим на професионалци кои несебично го споделуваат своето знаење со слушателите преку најпрофесионални курсеви и академии во различни области.
Кој е најдобриот совет што го слушна во Семос Едукација и дали го пренесуваш на други?
Најдобриот совет што го слушнав на обуката за тестирање на софтвер беше постојано да учам и да се надоградувам во областа. Овој совет ме натера да се ангажирам и да бидам во чекор со најновите технологии. Го споделувам овој совет со другите за да ги инспирирам и поттикнам да се фокусираат на своето континуирано кариерно надградување и развој.
Како одлучи да станеш софтвер тестер?
Одлучив да станам Софтвер тестер поради мојата страст кон технологијата и интересот во процесот на тестирање на апликации. Кога истражував за софтвер тестинг, сфатив дека можам да допринесам во квалитетот на софтверот и да помогнам во откривањето на грешки, пред да стигнат до корисниците. Отсекогаш сум имал интерес да разберам како работи софтверот и да ја тестирам неговата функционалност што беше и една од причините да изберам кариера во областа на тестирање на софтвер.
Колку обуката во Семос Едукација ти помогна во она што денес го работиш?
Преку обуката добив комплетно разбирање на основните концепти и принципи на тестирањето на софтвер што ми помогна да се чувствувам сигурен и компетентен во мојата улога како тестер. Дополнително, добив практични вештини и искуство преку вежби и проекти. Ова ми овозможи да го применувам наученото во реални работни ситуации и да бидам ефикасен во извршувањето на тестови и идентификување на грешки. Со сето ова, обуката ми овозможи целосна подготвеност и сигурност во мојата професионална кариера како тестер на софтвер. Бев во можност да се истакнам на интервјуа и да докажам дека ги имам потребните знаења и вештини за успешна работа во оваа област и моментално како QA Engineer во Survalent.
Кои беа твоите очекувања од обуката и дали истите се исполнија?
Како слушател на неколку курсеви во Семос Едукација, моите очекувања беа на многу високо ниво и истите се исполнија.
Каков совет би им дал на оние кои моментално бараат работа како софтвер тестер?
Би им препорачал постојано да ги надградуваат своите знаења во областа и да започнат со изучување на нови технологии кои ке им помогнат да бидат чекор напред пред останатите кандидати при аплицирање за работа.