Матеа Кантурска – Графички дизајнер во giftcards.mk
Како одлучи да се запишеш на Академијата за графички дизајн во Семос Едукација?
Запишувањето на Акредитираната Академија за графички дизајн во Семос Академија за мене беше лесна одлука. Во моментот кога се одлучив за кариера во областа на графичкиот дизајн, знаев дека прв чекор кон мојата цел е Семос Академијата за графички дизајн. Слушнав многу позитивни искуства за Семос Академиите како и за заложбата на Кариерниот центар за идните кариери на студентите, по завршување на академиите.
Што е тоа што го научи на академијата и денес го применуваш?
Тоа што го научив во академијата а што и понатаму продолжив да го применувам во секојдневната практика се работната етика и правилното насочување на креативноста. Научив како од идеја да стигнам до финален дизајн.
Колку Кариерниот Центар на Семос Едукација ти помага во процесот на подготовка на твојот кариерен пат?
Кариерниот Центар на Семос Едукација ми помогна многу во почетокот на мојата нова кариера. Благодарение на нив, се вработив како Графички дизајнер во giftcards.mk. Работата ми овозможува развој на креативноста и напредок во мојата кариера.
Што би им го препорачала на сите кои размислуваат за упис на Академијата за графички дизајн во Семос Едукација
Уписот на Академија за графички дизајн во Семос Едукација е вистинскиот избор за старт на кариера во областа на графичкиот дизајн. Знаењето и искуството кое се стекнува во Семос Едукација е незаменливо, професорите се исклучително посветени и секако, кариерните можности за студентите се топ приоритет на Кариерниот центар.