Кариерниот центар на Семос Едукација неуморно работи со цел за што поголеми можности за вработување и пракса на нашите слушатели кои заслужено, со многу труд, дисциплина и посветеност ги посетуваат обуките кои ги избрале за да променат кариера, да се доквалификуваат или да научат некои од најбараните дигитални вештини. Овојпат, успешната приказна ни доаѓа од Академијата за дигитален маркетинг, една од најпосетуваните Академии во Семос Едукација, во која се учи според Официјалната програма на SimpliLearn. Стефан Пешиќ е студент кој се истакна со своето знаење, посветеност и љубопитност да научи нешто повеќе, а Кариерниот центар на Семос Едукација го препозна неговиот талент и му помогна да се вработи како Copywriter во компанијата Ad Value.
Зошто Семос Едукација?
За Семос Едукација дознав преку пријатели кои веќе веќе имаа споделено искуство со Академијата за дигитален маркетинг. По нивната препорака и откако детално ги истражив сите опции за избор на Академија која има комплетна и официјална програма, донесов брза и сигурна одлука дека тоа е чекор што ќе ме одведе напред во животот.
Кој е најдобриот совет што го слушна во Семос Едукација и дали го пренесуваш на други?
Низ Академијата слушав бројни совети и е навистина тешко да одвојам кој е најдобар но нешто што секогаш ми доаѓа прво на памет е следното: „Секогаш бидете благодарни за примањата кои ги имате во моментот, но немојте да бидете презадоволни, секогаш можете повеќе“.
Како одлучи да станеш Copywriter?
Отсекогаш сум имал бујна имагинација и посебна наклонетост кон психологијата. Среќен сум што пронајдов работа во која ќе можам да ги користам моите најдобри способности и да им дадам акцент на силните страни на мојот карактер.
Колку обуката во Семос Едукација ти помогна во она што денес го работиш?
Во Академијата влегов само со мојата имагинација и склоност кон психологијата. Академијата откри способности во мене за кои ни самиот не знаев, целосно ме запозна со дигиталниот маркетинг од нула и ми даде самодоверба да барам повеќе од себе и да се надградувам со нови вештини кои ќе ми бидат од корист во работата.
Која беше улогата на Кариерниот центар во отпочнување на твојата кариера?
Пофалби кон Кариерниот центар кој покажува голема желба и труд, со цел да помогне на студентите да стигнат до нивната работна позиција. Тоа се чувствува и гледа преку нивната ангажираност, посветеност и постојан контакт со студентите.
Од што си фасциниран во моментов и како тоа го вклопуваш во работата?
Фасциниран сум од тоа како уметноста од слика и психологијата на зборови, даваат голема важност и придонес во бизнисот. Тоа го користам за подобрување на себеси и подобрување на компанијата во која работам.
Каков совет би им дал/а на оние кои моментално бараат работа како Copywriter?
Доколку веќе барате и сте се одлучиле за работа како copywriter, значи сте го направиле првиот и најтешкиот чекор. Она што преостанува е да се надградите со знаења и да влезете во дигиталниот свет. Академијата за дигитален маркетинг во Семос Едукација e вистинскиот избор за следен чекор. Проверено, со топла препорака кон вас-идните студенти на Академијата.