Интервју со Даниела Стојкова Јанкоска, одговорна за ЧР и Администрација во Frontwise Group
Талент партнер во HR Академијата во IT сектор
Разговараме со Даниела Стојкова Јанкоска, одговорна за ЧР и Администрација во Frontwise Group. Најпрво да го започнеме интервјуто со тоа кои се Frontwise Group?
Главните фактори кои се клучни за успехот во областа на регрутација се проактивноста, фокусот на квалитет, креативниот начин на сорсинг (пребарување на кандидати) како и воспоставување добра релација со кандидатите. Затоа, во ноември 2014 година се формираше компанијата Frontwise Group, од тројца холанѓани која понуди уникатен пристап на регрутирање на кадри со посебен акцент на сорсинг. Нашиот раст со над 40 храбри и љубопитни колеги покажува дека нашата визија за ефективни услуги за регрутирање е вистинската.
Како изгледа еден работен ден во Frontwise Group?
Во Frontwise Group, веруваме во проактивна организациска култура во која континуираното учење е основа за обезбедување на поквалитетна услуга за нашите клиенти, како и висок степен на ангажираност на вработените. Нашиот работен ден е динамичен, имаме простор за автономија и креативност во работата, кои ќе ни донесат успешни резултати и сето тоа го постигнуваме со тимска работа и во инспиративна средина. Она што ја прави работата во Frontwise поразлична од другите компании е тоа што, во секој чекор од процесот, без разлика дали тоа е onboarding-от, сорсингот или пак водење на интервјуата, можеме да им се обратиме на нашето buddy или пак на нашите колеги, за совет, нова идеја и поддршка.
Како ја почнавте соработката со Семос Едукација и зошто се одлучивте да бидете Талент Партнер во рамки на Академијата за HR во IT?
Соработката со Семос Едукација започна така што нашата колешка, Драгана, која успешно ја заврши HR Академијата во Семос Едукација, ги посочи бенефитите на соработката, како и квалитетниот кадар кој произлегува од Академијата. На сегашниот динамичен пазар на труд, ја увидовме важноста на партнерство со реномиран едукативен центар како што е Семос Едукација и решивме да стапиме во контакт. Ние како Frontwise Group сме во постојана потрага по ентузијастични луѓе кои сакаат да ја изградат и продолжат својата кариера во областа на регрутацијата, но и оние кои сакаат да направат career switch и се подготвени за нов предизвик.
Што имаш да им препорачаш на сите студенти кои се заинтересирани за кариера во областа на човечки ресурси, а и на сите компании кои сакаат да ги пронајдат своите таленти?
На сите студенти кои сакаат да ја започнат својата кариера во областа на човечки ресурси, особено во регрутација, би им препорачала воопшто да не размислуваат. Професијата е во подем и постојано има нови кариерни можности, поготово во IT секторот за кој Академијата е совршен старт. На сите компании кои се во потрага по нови таленти, им препорачувам да имаат отоворен ум, да инвестираат во амбициозни и ентузијастични луѓе и да вложат во нивната понатамошна едукација и развој.