CareerUP со Емилија Перчинкова – студент на Акредитираната Академија за UX/UI дизајн
Разговараме со Емилија Перчинкова која реши да направи храбар потег, промена на кариера од Дизајнер на ентериери во UX/UI дизајнер и да биде дел од успешни компании и фриленс проекти.
Која е Емилија Перчинкова?
Емилија е уметничка душа и пред сè мајка. Мојата пасија за дизајн се појави кога имав 14 години и од тогаш целото мое образование и доедуцирање е фокусирано кон дизајнот. После екстензивна и доста успешна кариера како Дизајнер на ентериери (и графички дизајн како хоби), ја открив професијата UX/UI дизајнер која ме освои од старт и стана дел од мојот идентитет.
Изборот беше помеѓу три едукативни центри. Тоа што најмногу ме привлече да за запишам на оваа Академија во Семос Едукација беше пред сè изборот на ментори кои имаат перфектна кариера во тоа што го работат, но и самата традиција на Семос Едукација како најдобриот едукативен центар во државава.
Најголем впечаток ми остави модулот Design Thinking кај најдобриот ментор, Александар Бојковски.
Која е твојата претходна,а која сегашна работна позиција?
Мојата претходна позиција беше Дизајнер на Ентериери. Моментално работам како Product Design Consultant за Qpick и како Product Owner и Product Designer за Byteflow Technologies.
Што е тоа што денес го применуваш, а го научи на академијата во Семос Едукација?
Истражување, истражување, истражување. Анализа, поврзување со корисниците, разбирање на нивните проблеми и креирање на решенија кои ќе го подобрат нивното искуство на продуктот на кој се работи.
Што би издвоила како твои успеси на кои си горда?
Како еден од моите најголеми успеси можам да го издвојам проектот кој го работев за Кариерниот центар на Семос Едукација каде што се вршеше целосен UX/UI процес.
Потоа, тоа што моите истражувачки способности беа од енормен бенефит за Screen Studio, продукт кој моментално го користи и Figma. Исто така многу горда ме прави проектот што го работев за Qpick, според мене една од најуспешните компании во Македонија. Тој продукт допрва ќе го видиме.
Што би им препорачала на оние кои размислуваат за career switch?
Дечки не се откажувајте, секогаш стремете се за повеќе затоа што вие тоа го можете.
Учете, читајте, едуцирајте се. Поврзете се со поискусни колеги од проефсијата и барајте фидбек! Доколку сте мотивирани и сакате да се надградите, запомнете дека успехот го градиме сами. Секоја инвестиција во доедукација ќе ве донесе поблизу до крајната цел. Едноставно, дали има поубаво од тоа пасијата да ви стане професија?
Go for it!