Здраво Борче, како започна твојата Семос приказна?
Отсекогаш сум ја сакал и ме привлекувала професијата Графички дизајнер. За Семос Едукација дознав по препорака од поранешни студенти и кога видов дека нудат Aкадемија за графички дизајн која е акредитирана од МОН, нуди меѓународни Adobe сертификати и содржи одлична програма, знаев дека е вистинскиот избор за мене.
Каде се гледаш себеси во иднина?
По завршувањето на академијата се гледам во некоја компанија која работи со технологија, како на пример Samsung, Apple или компанија од сличен калибар.
Три работи што најмногу ти оставија впечаток на Академијата за Графички Дизајн?
Начинот на наставата во Семос Едукација создава атмосфера со која се чувствувам добредојдено да стекнам нови знаења. Академијата ми помага да ги усовршам сите мои вештини и да бидам подготвен за идните предизвици во оваа професија. Сите инструктори се максимално посветени на студентите и се секогаш достапни за помош за секој студент да го совлада материјалот.