Што е она со кое Академијата за Човечки Ресурси во IT во Семос Едукација се издвојува од останатите Академии на пазарот?
Како дипломиран психолог кој својата иднина ја гледа во доменот на човечки ресурси, Aкадемијата за човечки ресурси во IT секторот ми се увиде како вистинскиот следен чекор во мојата рана кариера. Речиси сите Академии го носат со себе квалитетното образование, персонализирано обучување и докажан успех. Пресудниот момент за да ја пратам мојата апликација токму за оваа академија беше нејзината конкретност, специфично е насочена кон динамичниот и предизвикувачки IT сектор, водена од докажани професионалци и нуди тесна соработка со IT компании по завршување на Академијата.
Кои се твоите очекувања по завршувањето на Академијата?
Моите очекувања по завршување на академијата се мошне амбициозни. Како HR практикант во IT компанија, целам кон надоградување и професионален напредок. Комбинацијата од секојдневното практично искуство и стекнатото знаење од Академијата очекувам да резултира со развивање на релевантните вештини и вистинска подготвеност и лансирање во водите на човечките ресурси во IT секторот.
Како одлучи да станеш Специјалист за Човечки Ресурси?
Отсекогаш моите аспирации биле поврзани со луѓе, комуникација, организирање процеси и формирање на позитивно влијание. Токму кариерата како Специјалист за човечки ресурси ги обединува моите силни страни и интереси. Ова е кариера која со себе носи голема одговорност но и големо задоволство кога вработените напредуваат и целиот тим постига успех. Се одлучив да ја градам мојата кариера токму во овој домен поради исполнетоста и мотивираноста која ја чувствувам кога помагам луѓето кариерно да се пронајдат себеси, да бидат задоволни, а при тоа да се постигне раст и развој на самата организација.