Семос Едукација е реномиран едукативен центар во кој обуки и предавања спроведуваат стручни и висококвалификувани предавачи кои се експерти во својата област. Конкретно за Академијата за човечки ресурси дознав од социјалните мрежи и како личност која има повеќегодишно искуство и работа во областа на човечки ресурси во јавниот сектор, добив желба да бидам дел од оваа Академија со цел за стекнување нови знаења и вештини и доусовршување во областа на човечките ресурси.
Три работи што најмногу ти оставија впечаток на Академијата за Човечки ресурси?
1. Целокупната организација на предавањата и начинот на кој што се организирани часовите, исто така и материјалите за работа и вежбите подготвени од предавачите кои ни даваат можност преку практични примери да стекнеме искуство во модулите кои се опфатени со оваа Академија. Дополнително, тука се и домашните задачи кои ги добиваме и кои беа предизвик и можност да го имплементираме наученото во конкретна задача.
2. Можноста да се учи од најдобрите предавачи кои се експерти во оваа област кои во текот на предавањата беа целосно посветени, анагажирани и непосредни во комуникацијата со нас како слушатели. Истите се достапни за нас во секое време и одговараат на сите наши прашања и дилеми и по завршувањето на предавањата. Особено ми се допаѓа што часовите се структуирани на проактивен начин со обработка на многу теми на кои добив можност активно да се вклучам.
3. Една од најдобрите работи е секако и познанството и дружбата со многу нови луѓе кои ги запознав на Академијата, а со кои создадовме многу пријатна, позитивна, динамична и креативна работна средина во која целосно уживав.
Каде се гледаш себеси во иднина?
Себеси се гледам со успешна кариера на висока работна позиција во областа на управување со човечки ресурси, на која што ќе можам да го применам моето долгогодишно работно искуство збогатено со новите знаења и вештини стекнати на Академијата.
Со тоа ќе остварам свој личен успех и развој, а воедно развој и напредок на компанијата во која би работела.