Здраво Ивана. За почеток кажи ни, како започна твојата Семос приказна?
Мојата Семос приказна започна за време на студиите по психологија, со тоа што го препознав длабокото влијание што психологијата го има врз разбирањето на човековото однесување и динамиката на работното место. Овој увид ме инспирираше да истражувам поопширно во пресекот на психологијата и човечките ресурси, па токму затоа решив да се запишам на Академијата за човечки ресурси во Семос Едукација, со цел да ги проширам моите знаења и вештини за во иднина да можам да придонесам за успешно поттикнување на позитивна и продуктивна работна средина.
3 работи што најмногу ти оставија впечаток на Академијата за Човечки Ресурси?
Експертизата на самите предавачи. Длабочината на знаењата и искуствата што ги имаат предавачите е навистина инспиративна бидејќи на практичен начин и преку примери ја доловуваат сложеноста на самиот материјал;
Постојаната комуникација и консултација за секаков вид нејаснотии како и препораките. Исто така и разновидните искуства и на останатите слушатели бидејќи сите доаѓаме од различни живнотни средини;
Кафе паузите.
Каде се гледаш себеси во иднина?
Веројатно како искусен професионалец во областа на HR , како човек кој сака да работи со различни профили на луѓе, помагајќи и мотивирјќи ги да придонесам за нивниот личен и професионален развој. Би сакала да придонесам и да им покажам како и преку креативни и практични решенија да ги исполнат своите лични потенцијали, а воедно и целите на самата компанија во која работат.