Интервју со Јулија Попова – Академија за дигитален маркетинг
Здраво Јулија. Како започна твојата Семос приказна?
Mojaта Семос приказна започна сосема случајно. Еден ден на социјалната мрежа Facebook ми се појави реклама за доделување стипендии во Семос Акдемиите. Тоа веднаш ми го привлече вниманието и одлучив да ја пробам својата среќа, бидејки не сакав да ја пропуштам оваа шанса да започнам своја кариера во дигиталниот маркетинг. Знаев дека нема да биде лесно, Академијата е голем предизвик за мене ама убедена сум дека со поддршка од професорите и тимот на Семос Едукација ке постигнам добри резултати.
Каде се гледаш себеси во иднина?
Убедена сум дека знаењата и искуството кои ќе ги стекнеме во текот на Академијата за дигитален маркетинг ќе ни помогнат на мене и на моите колеги од Академијата да започнеме нова страница во нашиот професионален развој, да го промениме својот живот на подобар начин. Затоа се гледам себеси во иднина среќна и успешна, не само на професионален план, туку и како жена и мајка.
Три работи што најмногу ти оставија впечаток на Академијата?
Воодушевена сум од посветеноста на нашата менторка Наташа Божиновска Миркова. За мене таа е голем професионалец и добар едукатор, вистински пример за успешена кариера.
Исто така ми се допаѓа и тоа што процесот на обука се одвива онлајн, па студентите имаат можност да се приклучат на часовите од било која локација. Засега, оваа Академија ми е прво вакво искуство, ама сметам дека е голем бенефит во денешно време со оглед на брзото темпо на живот со кое сите се соочуваме.
Платформата Simplilearn е одлична можност да имаме континуиран пристап до материјалите за самоедукација, давајќи ни можност да го повториме и унапредиме нашето знаење кога сакаме и од каде сакаме.