Здраво Константин. Честитки за одличниот избор на Академија за твоето понатамошно школување. Што е она со кое Академијата за графички дизајн во Семос Едукација се издвојува од останатите Академии на пазарот?
Академијата за графички дизајн на Семос Едукација се издвојува со стручниот кадар и нивниот пријатен пристап,опремени училници со најсовремена компјутерска опрема и секогаш инспиративна и креативна атмосфера.
Кој беше твојот прв впечаток на почетокот од академијата и какво е твоето досегашно искуство?
Возбудливо и многу интересно! На самиот почеток добивме интересни задачи за меѓусебно креативно запознавање. До сега моето искуство е многу позитивно затоа што добар дел од предавањата ми се познати но има и дел каде „заглавувам", па тоа е делот кој ми е предизвик и кој се надевам дека успешно ќе го совладам.
Како одлучи да станеш графички дизајнер?
Професијата Графички дизајнер за мене претставува слобода, а воедно и можност за креативно изразување. Уживам да креирам дела кои можам да ги наречам „лично свои“ или да го разубавувам несовршеното.