Здраво Проше. Кажи ни нешто за себе и за искуството пред да се запишеш на Академијата за човечки ресурси?
Имам 22 години и сум дипломиран политиколог во областа на меѓународни односи и дипломатија. Би се опишал себе како млад ентузијаст, амбициозна и позитивна личност со авантуристички дух. Сакам нови предизвици и константно да се надградувам со знаења и разни искуства. Пред да се запишам на Академијата за човечки ресурси во Семос Едукација, волонтирав во неколку младински невладини организации, а за време на студииите, работев на програмите за Work and Travel во Хрватска и Германија.
Како одлучи да станеш Специјалист за човечки ресурси?
Одлуката да станам Специјалист за човечки ресурси произлезе од мојата страст да работам со луѓе и желбата да им помагам да се справат со предизвиците. Создавањето позитивна и поддржувачка средина за поединци е нешто што лично ме исполнува, па затоа тотално се пронајдов во HR индустријата. Ме привлече и динамичната природа на човечките ресурси, каде секој ден претставува можност да се направи значајно влијание, но и тоа што самата индустрија е уникатна и атрактивна и обезбедува континуирано учење. Дополнително, оваа област нуди можности за кариерен раст и разновидна палета на предизвиц, како и можност да придонесам за успехот на компанијата преку усогласување на човечките ресурси со деловните цели.
Што научи за време на Академијата и колку знаењето го применуваш на пракса?
За време на Академијата се стекнав со знаење за процесот на регрутација, за мерење на перформанс кај вработените, техники за мотивација на вработени и уште многу корисни работи поврзани со HR индустријата. Поголемиот дел од она што го научив на Академијата, директно го применувам во пракса.