Ви благодарам за можноста да бидеме дел и активно да учествуваме на овој кариерен саем. Саемот е одлична прилика за спојување на стекнатото знаење на студентите со можности за негова практича примена и градење на кариера во некои од нашите успешни компании. Се надевам дека иницијативата ќе прерасне во традиционална врзувачка точка која ќе ги спојува едукацијата и кариерниот пат.
Аспект е софтверска компанија специјализирана за развој на софтвер за финансиски институции. Водени од заедничката страст за издигнување на начинот на кој функционираат финансиските институции, ние веќе три декади усовршуваме софтверски решенија и дигитални платформи со кои банките, финансиските институции и лизинг компаниите напредуваат во дигиталната ера. Како македонска компанија, Аспект, моментално работи за широко портфолио на клиенти на три континенти: Европа, Африка и Азија. Седиштето на компанијата е во Скопје, додека работењето на некои клучни локации се одвива преку нашите канцеларии во Киргистан и Кенија, вклучувајќи и мобилни тимови за проширување на операциите во повеќе земји.
Преку постојани технолошки иновации и инвестирање во своите вработени за да ги подобриме процесите и работењето, успеавме да ја следиме својата визија и да им помогнеме на нашите клиенти да ја зголемат продуктивноста, да ги остварат своите деловни цели и да се адаптираат на современи стандарди на работа во финансиската индустрија.
Во тимот на Аспект се приклучив со одговорност за развој на човечките ресурси во компанијата. Имајќи во предвид дека Аспект е глобална софтверска компанија која работи за банки и финансиски институции, испорачувањето на сигурни и иновативни решенија го поттикнуваат нивниот успех. Нашата мисија ја исполнуваме преку пронаоѓање и развој на талентирани, амбициозни и инспирирани професионалци. Нудиме можност за развој на млади таленти, од една страна, и ја вреднуваме и наградуваме посветеноста и лојалноста на нашите вработени и нудиме можност за нивен постојан раст и развој, од друга страна. За да ги оствариме нашите цели поддржуваме динамично работење во интернационални тимови преку постојано учење и размена на знаење. Поддржуваме отворена комуникација и позитивен став со желба за постојани подобрувања.
Аспект е компанија која ги поддржува младите таленти, ја вреднува посветеноста и лојалноста на своите вработени и постојано се стреми кон иновација и тимски успех. Идеалните кандидати за вработување во Аспект се оние кои ги поседуваат овие карактеристики и се подготвени да придонесат кон развојот и успехот на компанијата.
Секако дека учествувавме. Преку брзите интервјуа имавме можност одблизу да се запонаеме со некои од студените на саемот. Тие се добра прилика накратко да се презентира компанијата и веднаш да се забележи интересот кај кандидатот и да се почувствува мотивацијата. Преку учеството на овој саем ја зголемивме базата на потенцијални кандидати кои би ги повикале на интервју за следни отворени работни позиции.
Како компанија ние испорачуваме доверливи и иновативни софтверски решенија кои го поттикнуваат успехот на нашите клиенти. Токму заради видот и обемот на работата, потребите за вработување на талентирани и инспирирани професионалци најчесто се во делот на: Software Development, IT and DevOps, Business Analysis, Project Management и Sales and Marketing.
Ова ни е прва соработка, па така учеството на првиот кариерен саем на Семос Едукација ни овозможи да се поврземе со талентирани студенти и да видиме значајни потенцијали за идни вработувања. Во врска со вашето прашање за проширување на соработката како Талент Партнер на некоја од Семос Академиите, со задоволство би ја разгледале оваа можност. Веруваме дека ваквата соработка би била од обострана корист и би придонела за развојот на нови таленти, како и за натамошно унапредување на нашата компанија.
Ние во Аспект сме секогаш во потрага по талентирани и мотивирани индивидуи кои сакаат да се придружат на нашиот тим. Ве охрабруваме да бидете посветени и да продолжите да се развивате како професионалци.