Триглав Осигурување Живот АД, Скопје (Триглав Живот) е акционерско друштво кое е дел од Групацијата Триглав која е пак водечка осигурително - финансиска групација во Словенија и Адриа регионот каде припаѓа и Македонија. Нашата матична компанија на Групацијата Триглав е најстарата словенечка осигурителна компанија со повеќе од 120 годишна историја и силен потврден „А“ кредитен рејтинг. Уникатните карактеристики на Триглав се знаење, регионално присуство, искуство и висока посветеност кон клиентите, вработените, акционерите и другите засегнати страни. Триглав е најпрепознатливиот словенечки осигурителен бренд кај нас и ужива најголема доверба споредбено со останатите осигурителни компании.
Јас сум директор на Човечки ресурси и Триглав Академија. Одговорен сум за сите сегменти поврзани со работењето на луѓето во нашата компанија и нивната благосостојба кај нас. Нашата интенција во друштвото поврзано со вработените е да се чувствуваме како да сме дел од семејство во кое секој е подготвен секому да помогне и да си го направиме работното време и работното окружување пријатно, пријателско а сепак професионално. Токму од тие причини и внимаваме на изборот на нововработени каде на прво место ги ставаме интерперсоналните карактеристики и способности бидејќи нивните знаења и вештини ќе ги надоградиме и доведеме до ниво на високо знаење, професионалност и исполнителност преку програмите и обуките на нашата Триглав Академија.
Како друштво се стремиме да бидеме присутни на сите настани кои ги поврзуваат младите и едукацијата. Кариерниот саем организиран од Семос Едукација е токму таков настан каде придобивките се повеќекратни. Младите можат да ги покажат своите компетенции и да ги пријават своите интереси да бидат дел од некоја компанија, компаниите да се претстават пред младите потенцијални вработени како бренд-работодавачи и да ги приближат младите до својата компанија како и да воспоставаат релации со други компании а Семос Едукација може да ги црпи сите овие придобивки и да го гради својот имиџ како центар за кариерен раст и развој и да ги промовира своите програми за едукација.
Можноста преку штандовите на саемот да се промовираат сопствените компаниски вредности и клучни бизнис активности се од големо значење и придобивка за компаниите. Прибирањето на потенцијалните биографии од младите луѓе кои бараат работа се исто така сериозен бенефит и за компаниите и младите кои бараат работа и “ДА” најголем дел од нив се со потенцијал да се вклопат во сите тимови во компаниите каде првенствено младиот потенцијален кандидат развил интерес да аплицира.
Да, учествувавме во брзите интервјуа со студентите, позитивни се нашите искуства поврзани со тоа прашање, а најмногу и најбарани профили во нашата компанија се позиции насловени Финансиски советници како дел од сегментот кој е поврзан со унапредување на продажбата.
Кариерниот саем е прво искуство за соработка на Триглав Живот со Кариерниот центар, почетокот е силен и ветува отворено и долгорочно партнерство. Во иднина би сакале да видиме продлабочена соработка и на линија на едукативните програми на Семос Едукација и Триглав Академија со цел подобро подготвени кандидати за предизвиците што ги носи вработувањето како во индустријата на осигурувањето, така и во другите индустрии.
Да се охрабрат да аплицираат за позиции кои се во линија со личните желби и компетенции и да не чекаат огласи туку да преземат иницијатива за нивно приближување до Триглав Осигурување Живот АД, Скопје.